Препознавање на потребите на клиентот: кој е Ваш истомисленик?
Јасно сфаќате дека Ви е потребен тим за да можете успешно да го промовирате проектот. Но, ги гледате зборовите „препознајте ги потребите на клиентот“, „откријте што го мотивира“, и не Ви е баш јасно што значат. Веројатно си помислувате: можеби е добро само да ги споделам информациите со некого и да го оставам сам да сфати за што се работи?
Да видиме најпрво што се крие зад овие зборови.
За да ги препознаете потребите на клиентот, мора да дознаете која опција му одговара — да стане инвеститор или партнер.
Кој треба да стане инвеститор:
• оние што мислат дека инвестирањето е поврзано со изразите: „ова е скапо“, „ова е само за богатите“, „ќе изгубам пари“, итн.
• оние што веќе се обиделе, но залудно си ги фрлиле парите и конечно сакаат да научат како да заработат од инвестирање,
• оние што сакаат да преземат нешто, но не знаат од каде да почнат,
• оние што сакаат да разберат како да изберат соодветни компании за понатамошно инвестирање,
• оние што сè уште си ги чуваат парите во банка и немаат заработка од таквите депозити.
Кој треба да стане партнер:
• оние што сакаат да имаат пристојна заработка од резултатите што ќе ги постигнат со своето работење,
• оние што сакаат да бираат кога и колку ќе работат,
• оние што сакаат да напредуваат, да ја подобрат својата положба и да добијат признание за своите достигнувања,
• оние што сакаат да го водат својот бизис на еколошки прифатлив и совесен начин,
• оние што сакаат да работат во пријатна атмосфера и во тим на истомисленици.
Сепак, не морате да го прашате клиентот сè наеднаш. Утврдувањето на неговите потреби не е испрашување. Покажете искрен интерес за поединецот и почнете со многу едноставни прашања како, на пример:
„Со што се занимавате професионално во моментов?“
„Кои видови инвестирање сте ги пробале досега?“
„Дали сте заинтересирани за додатна заработка?“
„Дали сте задоволни со својата работа?“
„Дали сте размислувале каков ќе Ви биде животот за неколку години?“
Сè што се очекува од Вас е да утврдите за што зборува човекот и со колкав интерес. Според тоа, од разговорот ќе откриете што му е важно, со какви проблеми се соочува и ќе сфатите дали сте на иста бранова должина или не. Ако видите дека размислувате на сличен начин, поканете го на својот чет или на вебинар.
Оваа фаза — утврдување на потребите — ќе ви помогне смисловно да му го претставите проектот на клиентот за тој да сфати дека Вашиот предлог, всушност, ги задоволува неговите потреби.
Не заборавајте дека повеќе информации за тоа како ефикасно да ги извршувате партнерските активности може да најдете овде, во Вашата „Методологија“.