Иновативен центар „Совелмаш“

Место каде што се раѓа иднината

Задача
на проектот

Со цел да се комерцијализира технологијата „Славјанка“ на светскиот пазар, се планира да се изгради Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“.

Овде тимот на инженерот Дмитриј Александрович Дујунов ќе развива електромотори со каква и да било комплексност со примена на технологијата „Славјанка“, за различна намена, во склад со потребите на клиентите.

Моторите на Дујунов

Градилиште

ПЕЗ „Технополис Москва“

Во 2019 год., владата во Москва го поддржа иновативниот проект, признавајќи ја неговата важност и релевантност. Благодарение на ваквата поддршка, „Совелмаш“ доби статус на жител на посебната економска зона „Технополис Москва“. На проектот му беше дадено под закуп градежно земјиште на локацијата „Алабушево“ со право за подоцнежно откупување.

„Совелмаш“ ќе добие и друга поддршка од државата: даночни олеснувања, инфраструктура во вид на комуникации, автопати и железница, како и пристап до зоната за слободна трговија. Сето тоа ќе придонесе претпријатието да развие иновативен бизнис во оптимални услови.

Преземете го резидентниот сертификат

Како ќе заработува „Совелмаш“?

Дизајнирањето на ефикасни електромотори со користење на технологијата за комбинирани намотки „Славјанка“ е еден од главните начини на кој ќе заработува Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“.

Клиенти на иновативниот центар ќе бидат производители на електрични возила, машински алати и опрема, апарати за домаќинство, фабрики, воени, воздухопловни и индустриски претпријатија. Тимот на „Совелмаш“ ќе може да развие електромотори за која и да било индустрија.

Цената на услугата за дизајнирање на мотор просечно се движи од 30 милиони долари нагоре и зависи од целта, величината и комплексноста на производот. „Совелмаш“ е во можност да исполнува до три такви нарачки годишно. Денес компанијата и нејзините потенцијални клиенти склучуваат договори со цел да соработуваат.

Моторите на Дујунов
  • Барање од клиент на „Совелмаш“
  • Проектирање на електромоторот
  • Предавање на документацијата за моторот на клиентот

Дознајте нешто повеќе за фазите од работата на официјална веб-страница на „Совелмаш“

Станете косопственик на
Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“

Денес секој човек од која и да било земја може да стане инвеститор во проектот „Совелмаш“ и да има удел во иновативен бизнис: 49,5% од уделите во претпријатието ќе бидат распределени меѓу сите инвеститори што учествуваат во проектот.
SOLARGROUP 49,5% Иноватори 25,5% Раководство 25%
  • SOLARGROUP Инвеститор во проектот — 49,5%

Интересите на инвеститорите во проектот ги застапува SOLARGROUP.

Станува збор за меѓународна финансиска компанија која работи на полето на крудинвестирање. Со помош на механизмот за масовно инвестирање и разгранета мрежа од партнери, таа го организира финансирањето на проектот „Моторите на Дујунов“.

SOLARGROUP е коосновач на ДОО „Совелмаш“ со удел од 49,5%. Подоцна, кога претпријатието ќе се реорганизира во јавно акционерско друштво, уделите ќе бидат заменети со акции во „Совелмаш“.

Официјална веб-страница: solar.group

  • „ASiPP“ Иноватори — 25.5%

Носител на технологијата на комбинирани намотки „Славјанка“ е ДОО „ASiPP“.

Станува збор за истражувачко-производствено претпријатие од технолошко-иновативен тип, основано во 2001 год. Се занимава со технологии за заштеда на енергија, со развој на полето на плазма-технологиите, технологии за заварување, единици за напојување со енергија и опрема за осветлување. Компанијата „ASiPP“ работеше на мотори со „Славјанка“ пред почетокот на проектот.

Иницијатор на проектот, коосновач на ДОО „Совелмаш“.

Официјална веб-страница: as-pp.ru

  • Раководство Инвеститор во проектот — 25%

Комерцијална единица

Дел од компанијата ќе биде распределен меѓу раководните лица кои се задолжени за комерцијализација на технологијата со комбинирани намотки „Славјанка“ и за промовирање на услугите на „Совелмаш“.

  • Проект за комерцијализација на „Совелмаш“

„Совелмаш“ е основан со цел да остварува заработка преку комерцијализација на иновативната технологија со комбинирани намотки „Славјанка“

Задачи завршени од „Совелмаш“: развој, пуштање во производство и претставување на енергетско ефикасни електрични ротациски машини на сите полиња на човечкиот живот и вадење од употреба на сите машини кои ги исцрпеле своите оперативни ресурси.

Официјална веб-страница: sovelmash.ru

Фази во развојот на проектот

Фаза 1

Почеток: 1 јуни, 2017 год.

Почна да се финансира проектот „Моторите на Дујунов“.

Беше покренат бек-офис за инвеститори.

Во Москва беше отворен изложбен простор на кој беше прикажан моторот за тркало на Дујунов.

Беше поднесено барање за добивање локација за идното претпријатие во посебната економска зона „Технополис Москва“

Беше одржана првата средба за инвеститорите.

До крајот на фаза 1 во проектот:

  • беа привлечени инвестиции во вредност од над 50 милиони рубљи,
  • 9.705 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 2.506 инвеститори.
Прочитајте во целост
Фаза 2

Почеток: 23 септември, 2017 год.

Беше купена опрема за тестирање на електромотори во „Совелмаш“.

Беа дизајнирани мотор со среден погон и мотори за електрични алати.

Излезе прирачникот „Комбинирани намотки кај електричните машини“.

Беше отворена официјалната веб-страница за проектот.

Беа објавени првите видеа за проектот на англиски јазик.

До крајот на фаза 2 од проектот:

  • 22.088 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 3.660 инвеститори.
Прочитајте во целост
Фаза 3

Почеток: 17 декември, 2017 год.

Беше добиено одобрување за земјиштето на кое требаше се гради Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“ на локацијата „Алабушево“ во посебната економска зона „Технополис Москва“.

Беше добиен патент на индукциски мотор за тркало за возило што влече инвалидска количка.

Беа изнајмени нови објекти за да се користат како лабораториски, машински и експериментални простории.

Беше инсталирана опремата за тестирање која ќе се користи во лабораторијата на „Совелмаш“.

На местото на производство беше инсталирана нова опрема: лабораториски автотрансформатор за оценување на перформансите на моторите.

Започна да функционира верификацијата во бек-офисот.

До крајот на фаза 3 од проектот:

  • беа привлечени инвестиции во вредност од над 200 милиони рубљи,
  • 43.636 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 5.083 инвеститори,
  • 720 активни партнери.
Прочитајте во целост
Фаза 4

Почеток: 31 март, 2018 год.

Започнаа тестирањата на електромоторите на пробните столови.

Беше изработена проектната документација за изградба на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“.

Беа реновирани просториите кои „Совелмаш“ ги зеде под закуп.

Беше набавена нова опрема за лабораторијата: машина за глодање и стругање.

Технологијата „Славјанка“ беше претставена на изложбата „Сколково“ на Startup Village.

Беше покренат повеќејазичен канал на YouTube за проектот „Моторите на Дујунов“.

До крајот на фаза 4 од проектот:

  • беа привлечени инвестиции во вредност од над 300 милиони рубљи,
  • 63.822 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 6.105 инвеститори.
Прочитајте во целост
Фаза 5

Почеток: 7 јули, 2019 год.

Во лабораторијата на „Совелмаш“ беше инсталирана и пуштена во употреба ласерската опрема.

Започна тестирањето на регулаторот кој беше дизајниран од „Совелмаш“, и кој ќе овозможи максимални перформанси кај моторите.

Беа добиени нови патенти на „Совелмаш“, со што порасна вредноста на интелектуалната сопственост на компанијата.

Тимот на SOLARGROUP отвори оперативна канцеларија во Кимки, московски регион, каде што почна да работи персоналот за техничка поддршка.

До крајот на фаза 5 од проектот:

  • 86.479 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 8.241 инвеститор.
Прочитајте во целост
Фаза 6

Задачите за фаза 6 беа завршени во фаза 5, па затоа проектот влезе веднаш во фаза на финансирање 7.

Фаза 7

Почеток: 11 октомври, 2018 год.

„Совелмаш“ доби статус на жител на посебната економска зона „Технополис Москва“.

На Рускиот инвестициски форум одржан во Сочи во февруари 2019 год. беше потпишан договор меѓу „Совелмаш“ и посебната економска зона „Технополис Москва“.

Во „Совелмаш“ беше пуштена во употреба нова опрема: за леење и вакумирање.

Започна развојот на специјализиран индукциски погон за електрични алати, што ќе ѝ помогне на компанијата побрзо да почне да остварува профит.

Првата меѓународна конференција за проектот беше одржана во Москва, на која присуствуваа повеќе од 500 луѓе од 11 земји.

До крајот на фаза 7 од проектот:

  • 150.996 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 13.121 инвеститори.
Прочитајте во целост
Фаза 8

Задачите за фаза 8 беа завршени во фаза 7, па затоа проектот влезе веднаш во фаза на финансирање 9.

Фаза 9

Почеток: 1 март, 2019 год.

Беше потпишан договор за закуп на земјиште за изградба на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“ на локацијата „Алабушево“ во посебната економска зона „Технополис Москва“.

Беа потпишани договори меѓу „Совелмаш“, генералниот изведувач и техничкиот нарачател на изградбата.

Беше развиен идејниот проект за изградба на Бирото за проектирање и инженеринг со визуелизација на екстериерот и ентериерот.

Беше дизајниран првиот мотор со класа на енергетска ефикасност IE3 во куќиште IE1.

Беа изработени техничките спецификации за 7.500 модели на индустриски електромотори со величина 52 до величина 132.

Во изнајмените објекти на „Совелмаш“ беше поставен дел за намотување.

Беше набавена ласерска опрема која ќе се користи за производство на првата пилот-серија на индукциски мотори за општа намена.

„Совелмаш“ успешно ја пројде ревизијата за 2018 год.

Беше отворено првото национално претставништво на SOLARGROUP: 8 јуни, 2019 год., Франција.

До крајот на фаза 9 од проектот:

  • 169.942 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 15.012 инвеститори.
Прочитајте во целост
Фаза 10

Почеток: 25 јуни, 2019 год.

Почнаа подготовките за изградба на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“ на локацијата „Алабушево“.

Пробниот стол во лабораторијата на „Совелмаш“ беше сертифициран, и сега може официјално да спроведува мерења.

Во лабораторијата беше поставено ново товарно постоље, а беше купен и гранулатор за погонот за леење.

Беше отворена официјалната веб-страница на „Совелмаш“ на руски јазик.

SOLARGROUP стана коосновач на ДОО „Совелмаш“.

Почна да функционира техничка поддршка на германски, француски и англиски јазик.

Во Москва беше одржана втората Меѓународна конференција на SOLARGROUP.

Открыты национальные представительства SOLARGROUP в трёх странах: Кот-д'Ивуаре, Германии и Болгарии, что увеличило поток инвестиций в проект.

До крајот на фаза 10 од проектот:

  • 186.160 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 18.008 инвеститори.
Прочитајте во целост
Фаза 11

Почеток: 1 октомври, 2019 год.

Добиен е нов патент од „Совелмаш“: за енергетски ефикасна модернизирана електрична машина.

Во лабораторијата на „Совелмаш“ беше инсталирана нова опрема: преса за склопување и за вметнување на статорите во куќиштето и растер-ласер за гравирање на делови.

Беа извршени тестирања на електромоторите, кои потврдија дека моторите засновани на „Славјанка“ имаат висока енергетска ефикасност.

Во бек-офисот веќе можеа да се нарачаат печатени примероци од документите за инвеститорите и парнерите со печат и потпис.

SOLARGROUP отвори свои национални претставништва во три земји: Индија, Виетнам и Унгарија.

До крајот на фаза 11 од проектот:

  • 205.933 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 21.922 инвеститори,
  • 6.830 активни партнери.
Прочитајте во целост
Фаза 12

Почеток: 31 декември, 2019 год.

Првите електромотори во светот со комбинирани намотки „Славјанка“ беа изработени од нула. Се работи за влечни мотори на компанијата „Совелмаш“ со величина 100 и класа на заштита IP65.

Архитектонско-градежниот проект за Бирото за проектирање и инженеринг "Sovelmash" беше предаден на државна експертиза.

Ревизијата во 2019 год. помина без да се утврдат какви и да било прекршоци од страна на „Совелмаш“.

Првото претставништво на SOLARGROUP во странство беше отворено во Виетнам.

SOLARGROUP отвори свои национални претставништва во Хрватска и во Сенегал.

До крајот на фаза 12 од проектот:

  • 231.927 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 25.287 инвеститори.
Прочитајте во целост
Фаза 13

Почеток: 1 април, 2020 год.

Помина и државната експертиза на проектната документација за Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“. Беше потребна повеќе од една година напорна работа на персоналот и 4,5 месеци чекање на резултатите.

Проектната документација ја проверија бројни други тела: Одборот за архитектура и урбанизам на Москва и Руската агенција за здравјето и за правата на потрошувачите (Роспотребнадзор).

Започна изградбата на градежниот камп на локацијата на „Совелмаш“ во посебната економска зона „Технополис Москва“.

Зарегистрирован товарный знак «Совэлмаш» и получено соответствующее свидетельство на него.

Првиот извештај за тестирањето на електромоторите на „Совелмаш“, во склад со најновите GOST стандарди, барања и технички прописи беше готов. Ова беше едно од најголемите достигнувања на тимот на „Совелмаш“, на кое компанијата работеше цела година.

Беше купена нова опрема за „Совелмаш“: сушилница за сушење намотки импрегнирани со лак. Ова ја зголеми продуктивноста на персоналот.

Беше инсталирана новата мерна опрема за големиот пробен стол во лабораторијата на „Совелмаш“, која се користи за тестирање на електрични машини со величини 112 и 132.

Одржана е првата меѓународна онлајн конференција SOLARGROUP INVEST CONFERENCE 2020.

SOLARGROUP отвори национално претставништво во Бенин.

До крајот на фаза 13 од проектот:

  • 253.983 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 29.069 инвеститори.
Прочитајте во целост
Фаза 14

Почеток: 6 август, 2020 год.

На Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“ му беше издадена градежна дозвола од Одборот за државен градежен надзор на Москва.

Беше именуван нов генерален изведувач за изградба на Бирото за проектирање и инженеринг: компанијата „ХАКА Москва“.

На локацијата на „Совелмаш“ беше изграден градежен камп, беа направени повеќето привремени патишта од бетонски плочи и беа приклучени привремени комуникации.

Фабриката Астрон, која е подизведувач во проектот, започна со производство на металната конструкција на идното Биро за проектирање и инженеринг.

SOLARGROUP отвори национални претставништва во Того и во Индонезија.

До крајот на фаза 14 од проектот:

  • 276.624 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 33.194 инвеститори,
  • 10.616 активни партнери.
Прочитајте во целост
Фаза 15

Почеток: 31 декември, 2020 год.

Завршен е поголем дел од работата поврзана со леење на бетонските темели на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“.

Начата обратная засыпка котлована песком с послойным уплотнением.

Беше поставена трансформаторска станица, што овозможи да се добива потребната електрична енергија за изградбата од „Технополис Москва“, и да се прекине со употреба на дизел-генератори.

Беше купена опрема за поставување на автоматизирана производствена линија за мотори засновани на „Славјанка“, што ќе му овозможи на „Совелмаш“ да им ги покаже на клиентите можностите за сериско производство на дизајнираните мотори.

Лабораторијата на „Совелмаш“ беше опремена со високопрецизна опрема: анализатор на моќноста, два регулатора за опроварувањето на машините, повеќеканален автоматизиран систем за мерење на температурата и уште многу други работи. Компјутерите беа опремени со најнов софтвер од сопствено производство. Сето тоа овозможува „Совелмаш“ да ги врши мерењата во склад со GOST стандардите, и тоа со голема точност и брзина.

Беше дизајниран инкременталниот енкодер на „Совелмаш“, благодарение на кој компанијата значително ќе ги намали производствените трошоци на моторот и нема да зависи од набавка на составните комопоненти.

Успешно помина годишната задолжителна ревизија, со што беше потврдена професионалноста на вработените и потполната усогласеност на активностите на „Совелмаш“ со законските барања.

Беа отворени три национални претставништва на SOLARGROUP: во Камерун, Буркина Фасо и Нигерија.

До крајот на фаза 15 од проектот:

  • 302.378 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 37.380 инвеститори.
Прочитајте во целост
Фаза 16

Почеток: 20 мај, 2021 год.

Беа поставени темелите на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“.

Беше монтирана металната конструкција на зградата.

Започна бетонирањето на меѓукатните плочи, степениците и окната за лифтови, како и поставувањето на покривот и внатрешните преградни ѕидови.

Беше испорачана опремата за идното Биро за проектирање и инженеринг.

Во изнајмените простории на „Совелмаш“ беше поставена автоматизирана линија за производство на мали и пилот серии на електромотори. Започна подесувањето на опремата и подготовката на алатите.

Стручњаците на „Совелмаш“ работеа на повеќе од 50 дизајни на мотори со комбинирани намотки, кои подоцна Бирото за проектирање и инженеринг ќе ги користи за да исполнува нарачки.

Се разработуваа начини за производство на електромотори кои значително ќе ги намалат производствените трошоци.

Беше регистриран патент на „Совелмаш“ за принципот на одвоени комбинирани намотки. Благодарение на овој изум, управувањето со моторот е поваријабилно, се зголемува сигурноста во неговото работење и се смалуваат трошоците за производство на погонскиот систем.

SOLARGROUP отвори национални претставништва во пет земји: Непал, Италија, Перу, Еквадор и Русија.

До крајот на фаза 16 од проектот:

  • 347.195 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 42.991 инвеститор,
  • 13.628 активни партнери.
Прочитајте во целост
Фаза 17

Почеток: 31 декември, 2021 год.

Термалната обвивка на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“ беше затворена со поставување на внатрешните и надворешните ѕидни панели, покривот, прозорците и други елементи.

На сите катови беа поставени бетонски подлоги и бетонски подови. Завршниот под е делумно готов.

Се поставуваат внатрешните преградни ѕидови. Се прават засебни простории во зградата.

Започна работата на надворешната и внатрешната комунална мрежа со цел да се поврзе Бирото со топловодот, со електричната мрежа, со водоводот и со канализацијата.

Започна да се пренесува технолошката опрема од изнајмените објекти на „Совелмаш“ и да се поставува на територијата на Бирото за проектирање и инженеринг.

Стручњаци на „Совелмаш“ дизајнираа вграден електричен погон за електрични алати и за апарати за домаќинството заснован на технологијата „Славјанка“.

Беше отворена трговската куќа „Совелмаш“, во која компанијата ќе продава опрема од сопствено производство. Беа потпишани договори за производство на аголни брусилки засновани на технологијата „Славјанка“ со еден од најголемите кинески произведувачи на електрични алати.

Продолжи работата на други иновации, вклучувајќи го и моторот за тркало.

Беа добиени нови патенти на „Совелмаш“.

„Совелмаш“ за првпат учествуваше на меѓународниот воен и технолошки форум „Армија-2022“. Неколку производи дизајнирани од компанијата беа рангирани меѓу најдобрите иновации на изложбата.

SOLARGROUP отвори национални претставништва во Колумбија и во Северна Македонија.

Меѓународната конференција на SOLARGROUP беше одржана во посебната економска зона „Технополис Москва“ со учество на инвеститори и партнери од 16 земји.

Големи конференции со лично учество на главни раководители на SOLARGROUP беа одржани во Виетнам, Индонезија, Индија, Бугарија.

Секојдневно следете го напредокот на проектот во делот “Новости“ во бек-офисот на следниов линк https://reg.solargroup.pro/news/posts.

На крајот на фаза 17 од проектот:

  • 410.991 учесник регистрирани во бек-офисот,
  • 51.109 инвеститори,
  • 15.447 активни партнери.
Прочитајте во целост
Фаза 18

Почеток: 16 јануари, 2023 год.

Завршен е главниот дел од работата на комуналните мрежи надвор од зградата на Бирото „Совелмаш“.

Почнува поставувањето и приклучувањето на комуналиите внатре во зградата.

Завршен е поголем дел од уредувањето на локацијата.

Почнува внатрешната завршна обработка во Бирото.

Поставена е технолошката опрема и започнува нејзиното пуштање во работа.

Отворени се национални претставништва во Австрија, Швајцарија, Лихтенштајн и Мали.

Одржана е IV Меѓународна конференција на SOLARGROUP во Москва, како и големи конференции во Брегот на Слоновата Коска, Перу и Еквадор.

SOLARGROUP отвора нови канцеларии во Африка и во Латинска Америка.

Воведени се нови опции во бек-офисот.

Привлечени се рекордни инвестиции.

Продолжува изградбата на Бирото и подготовките за неговото пуштање во работа.

До крајот на фаза 18, во проектот имаше:

  • 468 476 учесници регистрирани во бек-офисот,
  • 62 083 инвеститори,
  • 18 148 активни партнери.
Прочитајте во целост
Фаза 19

Почеток: 30 декември 2023 год.

Во завршните инвестициски фази, „Совелмаш“ ќе ги изврши следниве задачи:

  • ќе се заврши изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“, и ќе биде пуштено во работа,
  • ќе продолжи развојот на електромотори,
  • ќе се зголеми бројот на вработени,
  • ќе се добијат нови патенти,
  • ќе се склучуваат нови договори со купувачите на мотори.

SOLARGROUP ќе продолжи да го промовира проектот низ целиот свет и да обезбедува средства за него.

Прочитајте во целост
фаза 20

Во завршните инвестициски фази, „Совелмаш“ ќе ги изврши следниве задачи:

  • ќе се заврши изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“, и ќе биде пуштено во работа,
  • ќе продолжи развојот на електромотори,
  • ќе се зголеми бројот на вработени,
  • ќе се добијат нови патенти,
  • ќе се склучуваат нови договори со купувачите на мотори.

SOLARGROUP ќе продолжи да го промовира проектот низ целиот свет и да обезбедува средства за него.

Прочитајте во целост

Наши достигнувања

Што беше направено со привлечените инвестиции?
Современа лабораторија

Во лабораторијата на „Совелмаш“, стручњаци тестираат електрични ротациски машини — и со комбинирани намотки „Славјанка“ и стандардни типови.

Овде е инсталирана најсовремена опрема за тестирање и мерење. Таа овозможува да се тестира широк спектар на електромотори и да се добијат многу прецизни резултати. Лабораторијата се користи за тестирање на мотори дизајнирани од „Совелмаш“ и за да се спроведуваат споредбени тестирања за прикажување на предностите на технологијата „Славјанка“.

Опремата ја помина државната сертификација и верификација, и со тоа резултатите од тестирањето беа официјално признати.

Преземи го сертификатот
Погон за тестирање

Погонот за тестирање е место каде што денес „Совелмаш“ може да произведува прототипни модели и поединечни серии на електромотори со комбинирани намотки „Славјанка“.

Компанијата самостојно ги произведува клучните составни делови на електромоторите. Овој пристап овозможува да не ги дава цртежите на своите уникатни производи на трети страни, со што е намален ризикот за протекување на информации.

Леарница

Во леарницата на „Совелмаш“ се врши вакуумско леење под притисок и се произведуваат не-стандардни делови. Овде работат единицата за леење, гранулатор, вакуумски дегасатор, индукциски греjач и муфелна печка.

Вакуумското лиење под притисок овозможува изработка на висококвалитетни излиени делови.

Погон за намотување

Во работилницата има маса за намотување, машина за намотување и уште некоја опрема која е потребна за автоматизирано намотување на секциите на електромоторите.

Главните алати за намотување на профилите се изработуваат со помош на соодветни додатни технологии на нашиот сопствен 3D-печатач и постојано се подобруваат.

Освен тоа, завршена е и друга голема работа
  • Добиени нови
    патенти
  • Дизајнирани нови електромотори
  • Потпишани договори со идните клиенти
  • Добиена поддршка на државно ниво
  • Покренато мало производство на мотори со „Славјанка“
  • Дизајниран оригинален регулатор
  • Изработена техничката документација
  • Беше изработен универзален вграден електричен погон
  • Беше дизајнирана аголна брусилка со вграден погон

Преглед на изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“

Следете ја секоја фаза од изградбата
Беше потпишан договор за закуп на земјиште за изградба на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“ на локацијата „Алабушево“ во посебната економска зона (ПЕЗ) „Технополис Москва“.
Април 2019
Преглед на изградбата на претпријатието
Беше потпишан трилатерален договор за изградба меѓу „Совелмаш“, техничкиот нарачател на изградбата „Технополис Москва“ и главниот изведувач.
Јуни 2019
Преглед на изградбата на претпријатието
Парцелата беше подготвена за изведување на градежни работи, беше поставена ограда.
Август 2019
Преглед на изградбата на претпријатието
Помина и државната експертиза на проектната документација за Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“ и сите потребни инспекции од страна на други инстанци.
Јули 2020
Преглед на изградбата на претпријатието
Беше добиена градежна дозвола за Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“ од Московскиот државен одбор за надзор на изградби.
Октомври 2020
Преглед на изградбата на претпријатието
Беше изграден градежен камп, беа направени повеќето привремени патишта од бетонски плочи и беа поставени привремени комунални инсталации.
Декември 2020
Преглед на изградбата на претпријатието
Беа поставени темелите на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“.
Август 2021
Преглед на изградбата на претпријатието
Беше монтирана металната конструкција на зградата.
Септември 2021
Преглед на изградбата на претпријатието
Беа излеани бетонските плочи на сите катови во зградата.
Јули 2022
Преглед на изградбата на претпријатието
Беа поставени внатрешните и надворешните ѕидни панели, покривот, прозорците и други градежни елементи на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“.
Август 2022
Преглед на изградбата на претпријатието
Затворена е термалната обвивка на зградата. Започнува приклучувањето на комуналните мрежи и монтирањето на технолошката опрема.
Декември 2022 год.
Преглед на изградбата на претпријатието
Започнува уредувањето на локацијата.
Мај 2023
Преглед на изградбата на претпријатието
Приклучена е првата комунална мрежа, односно санитарната канализација. Започнува асфалтирањето.
Јули 2023
Преглед на изградбата на претпријатието
Инсталиран е видео-надзор. Продолжува работата со приклучување на комуналните мрежи, внатрешната завршна обработка и уредувањето на локацијата.
Август 2023
Преглед на изградбата на претпријатието
Завршен е главниот дел од работата на комуналните мрежи надвор од зградата.
Септември 2023
Преглед на изградбата на претпријатието
Излеана е подната бетонска кошулица и инсталирана е доводната вентилација. Поставена е трајна ограда од двете страни на локацијата и посеан е тревникот.
Октомври 2023
Преглед на изградбата на претпријатието
Во Бирото беше приклучено греење.
Декември 2023

Документи

Сите документи можат да се проверат во независни извори

Медиумите за проектот

Многу угледни списанија посветија внимание на проектот