Обучување = учење | Работна методологија на партнерите

Обучување = учење | Работна методологија на партнерите

Дали се занимавате со партнерски бизнис? Да речеме дека веќе имате партнер во Вашата структура. Сега треба да му објасните што треба да прави. Во Ваш најдобар интерес е да му помогнете да биде успешен, бидејќи така и Вие ќе имате поголема заработка.

За да Ви олесниме, ќе нагласиме три работи на кои треба да обрнете внимание кога соработувате со Вашиот партнер:

• Повторување
• Обука
• Поддршка

Партнерот треба да научи да ги повторува Вашите постапки, и овој принцип треба да се следи во секое ниво од Вашата структура. Најдоброто што може да го направите за некој Ваш партнер е да му покажете што да прави, давајќи му едноставни објаснувања за механизмите на работа. Со други зборови, Вие му покажувате на новиот партнер како да постапува, а тој се обидува да го повтори тоа што сте му го кажале и Ви поставува прашања. Каде и како наоѓате клиенти, инвеститори и партнери? Како и каде споделувате информации? Како му помагате на клиентот да се регистрира, да се верифицира, да купи инвестициски пакет, итн.? Партнерот ги повторува сите овие постапки угледувајќи се на Вас. Вие сте му пример.

Обуката се состои од она што му го кажувате на партнерот за Вашиот начин на дејствување, како и за другите дејства кои му се достапни. Бидете едноставни! Објаснете му како самите го правите тоа. Најдобар начин да научите нешто и да го утврдите своето знаење е да се потрудите да обучите некого. Токму така: обучување = учење. Кога му објаснувате нешто на Вашиот партнер, и самите учите. Повратните информации од партнерот, како и прашањата што Ви ги поставува, Ви даваат можност да се видите себеси со други очи, и да ги поправите недостатоците и пропустите. Следете ја шемата — овие 4 чекори ќе Ви помогнат да обучувате и да учите:

• Замислете дека му објаснувате нешто на ученик од шесто одделение.
• Најдете ги пропустите во Вашето објаснување. Вратете се на изворниот материјал за да го разберете подобро.
• Обидете се да го средите и да го поедноставите објаснувањето.
• Сега објаснете повторно!

Поддршката, пред сè, се однесува на интересот и вниманието што му го посветувате на партнерот, а не само на одговорите што ги давате на неговите прашања. Покажете му дека бизнисот не се состои само од одредени дејства и комерцијален успех, туку и од меѓучовечки односи кои се темелат на взаемна почит, доверба и заеднички интереси. Потрудете се да се соживеете со него, пофалете го за достигнувањата, разговарајте за сомнежите и не плашете се да му покажете дека не сте совршени. Токму така постапува еден вистински лидер!

Бидејќи имате партнер, Вие сте лидер во Вашата структура. И знаете каде да побарате повеќе информации за тоа како да бидете лидер —  во делот „Работна методологија на партнерите“.

ОДЕТЕ НА МЕТОДОЛОГИЈА