Тимот е вашиот пат до успехот | Совети од експерти на SOLARGROUP
Здраво на сите! Се викам Павел Шадскиј. Во SOLARGROUP започнав како партнер и го достигнав статусот „Професионалец“, потоа станав раководител на партнерска мрежа и сега сум комерцијален директор. Во текот на ова мое професионално патување, стекнав скапоцено искуство кое со задоволство сакам да го споделам со вас.
Денес ќе зборувам за клучните аспекти на создавање и раководење со тим на партнери кои ќе ви помогнат ефикасно да ги постигнете своите цели и да го развиете својот бизнис. Сакам да сфатите колку е важен тимот за еден партнер. И ќе ви покажам неколку едноставни чекори за работа со тимот кој секој може да ги направи. Во текот на обуката, им ги покажуваме овие чекори на партнерите од разни земји, тие ги применуваат во својата работа, и секогаш постигнуваат резултати.
Дали сте спремни да навлезете во светот на тимската соработка? Тогаш, да почнеме!
Зошто на еден партнер му е потребен тим?
Кога ќе премине од лична продажба на тимска работа, партнерот има нови можности за развој, за проширување на потенцијалот и за постигнување на одлични резултати во продажбата. Тимската работа овозможува здружување на ресурсите, споделување на знаењето и искуството, поделба на улогите и специјализација, додатна мотивација и поддршка од колегите, како и постигнување синергија и поголема вкупна ефикасност.
Како се создава тим?
Овој процес се состои од 4 чекори:
1. Креирајте експертска слика на социјалните мрежи. Направете атрактивен профил и објавувајте информации за компанијата. Може да ги споделувате новостите и настаните директно од бек-офисот, користејќи линкови за препорака.
2. Поканете ги пријателите. Обратете им се лично на своите пријатели и колеги кои би можеле да бидат заинтересирани за тимска работа. Објаснете им кои се предностите на партнерскиот бизнис со SOLARGROUP. Нагласете им на вашите пријатели и колеги дека нивните вештини и искуство се од голема важност за тимот, и кажете им какви можности ќе имаат за развој и раст.
3. Поканете партнери од други компании. Ако имате партнери или контакти во други компании, поканете ги во вашиот тим. Истакнете какви можности и взаемна корист ќе произлезат од вашата соработка.
4. Информирајте ги тековните клиенти дека можат да учествуваат во партнерски бизнис. Ако имате база на клиенти, кажете им какви прилики им нуди вашата компанија. Објаснете им како можат да ја користат партнерската програма за да имаат додатна заработка и да плаќаат за инвестициските пакети. Дајте им јасни информации за процесот: како да потпишат договор за партнерство, како да добијат листа за проверка со партнерски активности и пристап до сите алатки, како да почнат да заработуваат, итн. Поттикнете ги клиентите да ги препорачаат вашите услуги на своите пријатели.
Како се раководи со тимот?
Раководењето со тим е втората фаза од тимската работа. Следете ги овие 4 чекори:
1. Дефинирајте ги или поставете цели за тимот. Погрижете се целите да бидат јасни и разбирливи за сите во вашиот тим. Овие цели треба да бидат амбициозни но сепак достижни, и треба да бидат во склад со индивидуалните цели на секој член на тимот.
2. Одржувајте редовни тимски состаноци. На состаноците, зборувајте за напредокот на тимот, разменувајте информации и координирајте ги активностите. Тимските состаноци помагаат да се планираат и да се разјаснат тековните задачи, да се разгледаат проблемите и да се најдат заеднички решенија, и исто така придонесуваат да се зајакне тимскиот дух и соработка.
3. Следете ги резултатите. Користете го делот аналитика во бек-офисот за да ги следите резултатите од работата на вашиот тим. Редовно анализирајте ги податоците и дискутирајте за нив со тимот за да утврдите на кои полиња може да се подобрите и каде можете да ја прилагодите стратегијата ако е потребно.
4. Оддавајте признание за достигнувањата. Важно е да се оддаде признание за напредокот и за достигнувањата на секој член на вашиот тим за сите да бидат мотивирани и да продолжат да работат на остварување на поставените цели. Наградете ги не само за достигнувањата туку и за трудот, дури и кога нема да бидат остварени очекуваните резултати.
Не заборавајте дека, за да се развие и да се раководи со тим од партнери, потребен е постојан напор. Ако систематски извршувате едноставни активности, ќе можете да ги прилагодувате на темел на стекнатото искуство. Листата за проверка содржи детален список со активностите на партнерите.
Ви пожелувам успех на ова возбудливо патување!