Партнерска програма. Совети | Работна методологија на партнерите

Партнерска програма. Совети | Работна методологија на партнерите

Дали сте 100% сигурни во проектот? Ако да, тоа не е добро.

Не треба да бидете сигурни 100%, туку 80%.

Еднаш имавме партнер кој се викаше Антон. Тој сметаше дека човек секогаш треба да биде 100% сигурен за сè. Дури и за работи кои не му се толку познати.

Еден клиент го прашал Антон: „Дали ги продавате  ‘Моторите на Дујунов’?“

А Антон му одговорил: „Се разбира дека ги продаваме!“

Впрочем, што друго може да продава партнер во проектот „Моторите на Дујунов“?

Всушност, точниот одговор е:

Главниот производ на компанијата се инвестициски удели во бизнисот. Партнерите можат да го продаваат само овој производ.

И Антон лесно можел да го најде исправниот одговор ако бил сигурен 80%.

Добро е да се биде сигурен 80% затоа што:

• Тоа помага кога се изнесуваат аргументи. Зошто некој би барал аргументи ако е 100 % сигурен дека е во право? Но, ако не сте толку сигурни, ќе почнете да барате докази за она што сакате да го кажете со цел да се уверите и себеси и другите.

• Тоа Ви дава време за анализирање. Нема потреба веднаш да одговарате на прашање кое Ви е поставено за првпат. Одвојте си време за да проверите и да ги анализирате информациите. Може да му го кажете следново на клиентот: „Морам прво да проверам, и потоа ќе Ви дадам одговор“.

• Ви помага да развиете критичко размислување. Тоа ќе Ви користи во понатамошната комуникација со клиентот.

Потрудете се најпрво да ги проверите информациите во делот „Работна методологија на партнерите“. Таму можат да се најдат скрипти со одговори на прашањата што најчесто ги поставуваат клиентите во врска со проектот и со SOLARGROUP. Дури и да сте 100% сигурни дека го знаете точниот одговор, зошто да не проверите за секој случај? Убаво е понекогаш да може да си кажете: „Навистина бев во право!“

ОДЕТЕ НА МЕТОДОЛОГИЈА