Клиентот бара совет за приватниот живот | Студија на случај од животот на партнерот

Клиентот бара совет за приватниот живот | Студија на случај од животот на партнерот

Сакате да работите со партнерската програма, но не знаете со што ќе се соочите? Се обидувате да разберете кои задачи се очекуваат од партнерите и да процените дали ќе можете да ги извршувате? Веќе учите како да работите, но некои ситуации Ве збунуваат? Тогаш методата наречена студија на случај дефинитивно ќе Ви помогне! Ова е техника на учење каде што доаѓате до сржта на проблемот преку пример за конкретна ситуација.

Кога инвеститорот размислува за ситуацијата со која се соочува некој друг, самиот наоѓа излез од својата ситуација.

Решете го проблемот сега, со пример од реална ситуација во партнерската работа. Самите изберете го најдоброто решение или дајте Ваш предлог — ова ќе Ви помогне да се подготвите за практична работа со клиентите.

Личност: Ана Л., Орехово-Зујево

Плата: 60.000 рубљи

Месечна отплата на кредит: 7.500 рубљи

Семејство: мајка, брат и свршеник

Додатен приход: Ана двапати продала свои слики за 25.000 и за15.000 рубљи

Заштеда: нема

Цел: сака да купи втор инвестициски пакет со вредност од 3.000 $.

Летото 2022 год., Ана веќе купила инвестициски пакет со вредност од 1.000 $, кој го платила еднократно, без да го отплаќа на рати. Затоа сега нема никаква заштеда. Освен тоа, мора уште цела година да го отплаќа потрошувачкиот кредит кој го подигнала во 2020 год. Сега нејзината ситуација е поинаква — Ана се подготвува да земе породилно отсуство. Таа сака дополнително да ги осигура своите приходи во иднина така што сега ќе купи што е можно повеќе удели.

Ситуацијата ја усложнува тоа што нејзиниот свршеник наводно ѝ бил неверен. Ана не сака да се омажи, а мајка ѝ ја советува да разговара за купувањето пакет со својот свршеник, таткото на детето што ќе го роди. Таа сака да зборува токму за оваа работа со партнерот што ѝ помогнал да го купи првиот пакет. Тие сѐ уште немаат разговарано, а партнерот нема слично искуство и не знае како да постапи во оваа ситуација.

Опција 1. Љубезно да ја откаже средбата со клиентката, бидејќи партнерот не е психотерапевт.

Опција 2. Да се сретне со клиентката, да се потруди да ѝ пружи морална поддршка, и да ѝ предложи најпрво да зборува за своите планови со свршеникот.

Опција 3. Воопшто да не дискутира за приватниот живот на клиентката, и само да ѝ каже кои се тековните промотивни понуди за инвеститори.

Опција 4. Да ја поттикне клиентката да купи нов пакет со помала номинална вредност и да го отплаќа на рати, а подоцна да го зголеми со оваа понуда за инвеститори.

Опција 5. Да ја советува клиентката воопшто да не купува пакет, бидејќи наскоро ќе има големи издатоци.

Опција 6. Да ја советува клиентката да потпише договор за партнерство што е можно побрзо, да ја добие листата за проверка на партнерски активности и веднаш да почне да дејствува. А потоа да купи нов пакет на рати кој ќе го отплаќа од својата партнерска сметка. На овој начин, не само што ќе може да го отплаќа пакетот без да инвестира, туку ќе добие и +5% бонус. Оваа понуда може да се комбинира и со други.

СТАНЕТЕ ПАРТНЕР