Како да работите со клиент со кого немате никакви проблеми | Работна методологија на партнерите

Како да работите со клиент со кого немате никакви проблеми | Работна методологија на партнерите

Во една темна, мрачна ноќ, клиент во црн плашт престанува да ги плаќа своите рати. Можеби сте слушнале вакви „хорор-приказни“ од партнерите. Во „Работната методологија на партнерите“ веќе е објаснето што треба да се прави во „страшни“ случаи; за ова исто така многу се дискутира на вебинарите и во четовите. Се обрнува многу внимание на отплаќањата на рати и на задоцнетите уплати.

Но, што да правите со клиент со кого немате никакви проблеми? Тој ги уплаќа своите рати според распоредот, сѐ му оди добро и нема никакви прашања за Вас. Бидејќи нема проблеми, дали тоа значи дека нема за што да зборувате со него?

Не баш. Целта на партнерот што работи со клиент кој отплаќа пакет на рати е да му помогне целосно да го исплати пакетот. Од таа причина, кога клиентот ќе ја изврши првата уплата, му нагласувате дека најголемиот дел од уделите се доделуваат при уплаќањето на последната рата. За негово добро е да стигне до таа последна уплата бидејќи само тогаш ќе може да оствари заработка од сите удели во својот пакет. Затоа треба одвреме-навреме да го потсетите за ова дури и клиентот со кого немате проблеми.

Во четовите или групите во кои сте го додале овој клиент, прашајте го како му оди со плаќањето на ратите. Не плашете се дека ќе бидете наметливи, гледајте на тоа како на искрена заинтересираност. Всушност, така клентот ќе се чувствува попријатно бидејќи ќе знае дека сте спремни да му дадете поддршка и да му помогнете да го реши кој и да било проблем на кој ќе наиде.

За што друго може да зборувате со клиент со кого немате никаков проблем?

• За предвремена уплата на ратите. Клиентот можеби не е свесен или, пак, заборавил дека има можност да добие бонус удели. Споделете ја оваа информација со него.
• За зголемување на бројот на удели во пакетот. Објаснете му на клиентот дека така ќе може да го задржи истиот попуст со кој го купил пакетот, односно дека сега може да купи удели по пониска цена отколку новите инвеститори.
• Да ги уплаќа ратите без да задоцни ниту еден ден! Објаснете му на Вашиот клиент дека може да добие бонус за своето беспрекорно дисциплинирано плаќање.

Како што гледате, има многу причини да водите продуктивен разговор со клиентот со кого немате никакви проблеми. Следете ги новостите и споделувајте ги со него. Останете во контакт! Така ќе можете брзо да реагирате ако клиентот се соочи со некоја тешкотија. И, се разбира, потсетете го за партнерската програма кога ќе биде вистинското време за тоа. На пример, ако Ви каже дека би сакал да инвестира повеќе, но сѐ уште не може да го стори тоа.

Не заборавајте да проверите во делот „Работна методологија на партнерите“ – таму се обработени уште многу други прашања и ситуации за кои можеби Ви се потребни совети.

ОДЕТЕ НА МЕТОДОЛОГИЈА