НЕ правете го ова: совети за развој на тимот

НЕ правете го ова: совети за развој на тимот

Како Ви оди Вам, партнеру? Не е лесно да се комуницира со луѓе. Повеќето луѓе што никогаш порано не инвестирале се прилично недоверливи и едноставно се чини дека не сакаат да го разберат она што им го нудите. А на други, пак, истата работа треба да им се повторува одново и одново. Понекогаш се случува да му дадете исцрпни информации некому и да му ги проследите сите потребни линкови, а тој и понатаму да мисли дека тоа не е доволно.

Немојте брзо да кренете раце. Ставете се во кожата на неискусен инвеститор, покажете сочувство. Крудинвестирањето е релативно нова појава. Вие веќе ги знаете сите поволности на проектот, но почетникот сè уште нема причина да Ви верува. Да — ќе треба одново и одново да му ја повторувате истата работа. Сè додека Вашиот труд не вроди со плод.

Психолозите и стручњаците за пронаоѓање соодветен кадар редовно даваат препораки за лицата чија работа е поврзана со активна комуникација. Во нашиот избор на совети ги вклучивме само оние што се најрелевантни. Разгледајте ги — можеби има нешто што досега не сте го знаеле, а ќе Ви помогне побрзо да постигнете резултати.

• НЕ продавајте! Или, поточно, продавајте како што сакате Вие. Не производ, туку идеја. Вие им давате на луѓето прилика која порано ја немале: да имаат удел во еколошко производство, да усвојат еколошки прифатливи комуникации и да заработуваат етички. Запамтете, ние сме тука за да го смениме светот на подобро. Зарем не сте и Вие со нас од таа причина? Во Вашиот тим на инвеститори и партнери ќе бидат само оние што се мотивирани од таа идеја. Останатите сè уште не се спремни да променат ништо.

• НЕ разубавувајте. Секогаш може да се најдеме на искушение да додадеме емоции и да кажеме повеќе отколку што треба. Изнесувајте само факти, и зборувајте само за она во кое сте сигурни. Можеби нема да изгледа и да звучи толку привлечно, но ќе биде нешто за кое ќе можете да понесете одговорност. Понекогаш е најдобро да се каже вистината. На долги патеки, многу повеќе ќе се цени искреноста, и тоа е голем плус за Вашиот углед.

• НЕ гледајте на неуспехот како на пораз. Некој не ја прифатил Вашата понуда сега — добро, тоа значи дека ќе има прилика да ја прифати во иднина. Ако едно лице одбило да му се придружи на Вашиот тим — има друг потенцијален партнер/инвеститор кој сè уште чека на Вашата понуда.

• НЕ велете: „Извинете што пречам“, „Ќе Ви одземам малку време“, „Проблемот е во тоа што...“, или нешто слично. Вие не пречите и не одземате време. Нудите уникатна можност (видете ја точка 1). Зошто да се извинувате? Вашиот соговорник сам ќе одлучи дали ќе ја прифати таа можност. Ваша одговорност е да му ги пренесете потребните информации.

• НЕ решавајте го она што не може да се реши. Ако сè уште не знаете како да го постигнете саканиот резултат, прашајте се како други успеале во тоа, на пример, разгледајте го делот приказни на партнери. Најверојатно ќе сфатите дека тајната на нивниот успех е во доследноста: многу пати се обидувале да постигнат резултат — и на крајот го постигнале без да измислуваат секогаш ново решение.

Нешто слично кажал и Буда: „Ако имаш проблем, пробај да го решиш. Ако не можеш да го решиш, не прави проблем од тоа“.

Истрајноста, доследноста и вербата во она што го работите се најдобрите алатки. Резултатот ќе биде вреден без разлика колку обиди сте направиле за да го постигнете. Не можете наеднаш да им отворите нови можности на сите, но ќе им ги отворите на оние што се спремни да ги прифатат. Најважно од сè е да НЕ се откажувате.

ОДЕТЕ НА НОВОСТИ