Клиентот се откажува од својот надоместок за препорака | Студија на случај од животот на партнерот
Сакате да работите со партнерската програма, но не знаете со што ќе се соочите? Се обидувате да разберете кои задачи се очекуваат од партнерите и да процените дали ќе можете да ги извршувате? Веќе учите како да работите, но некои ситуации Ве збунуваат? Тогаш методата наречена студија на случај дефинитивно ќе Ви помогне! Ова е техника на учење каде што доаѓате до сржта на проблемот преку пример за конкретна ситуација.
Кога инвеститорот размислува за ситуацијата со која се соочува некој друг, самиот наоѓа излез од својата ситуација.
Решете го проблемот сега, со пример од реална ситуација во партнерската работа. Самите изберете го најдоброто решение или дајте Ваш предлог — ова ќе Ви помогне да се подготвите за практична работа со клиентите.
Личност: Андреј Б., Ижевск
Плата: 95.000 рубљи пред да биде оданочена
Месечна отплата на кредити: 32.000 рубљи
Семејство: пензионирани родители, бивша сопруга и три деца (кои живеат со мајка им)
Додатен приход: до 15.000 рубљи месечно
Заштеда: 558.000 рубљи
Цел: 190.000.000 удели во „Совелмаш“!
Клиентот сè уште нема инвестирано. Смета дека трошоците за децата и кредитите се поголеми од неговите приходи, и не е спремен да троши од својата заштеда. Меѓутоа, според овие информации, тој има цел да купи пакет од 1.000.000 $.
Андреј веќе има потпишано договор за партнерство во бек-офисот. Но, сега предлага да се додадат нови услови во договорот според кои тој се откажува од надоместокот за препорака. Вели дека е спремен да донесе многу инвеститори во компанијата, но сака да го добива надоместокот во удели.
Опција 1. Да го запознаете Андреј со промоцијата според која добива +5% удели кога плаќа од партнерската сметка. Да му објасните дека ова целосно одговара на неговото барање: ќе добива надоместок за препорака во удели и дури ќе го зголеми нивниот број за 5% со секоја уплата. И ќе нема потреба да се направат измени во договорот за партнерство.
Опција 2. Да почнете од почеток и да му одржите презентација за партнерската програма. Кажете му на Андреј дека една од нејзините цели е да им помогне на луѓето што сакаат да купат удели во проектот, но немаат средства за тоа. Според досегашните податоци, 83,1% од инвеститорите во проектот „Моторите на Дујунов“ се партнери на SOLARGROUP кои целосно или делумно го реинвестираат својот надоместок за препорака во проектот. Исто така, покажете му ги на Андреј приказните на другите партнери. Така ќе види дека и тие се луѓе како него кои имаат иста цел — да купат милиони удели. Токму од таа причина, активно работат како партнери. Значи, сè уште нема потреба да се направат измени во договорот за партнерство! Бидејќи сите партнери имаат можност да купат удели под поволни услови. За таа цел, можат да го користат својот надоместок за препорака, бонусот при плаќање од партнерска сметка и да го претворат својот надоместок за препорака во удели.