Поголема корисничка поддршка во бек-офисот
Во бек-офисот постои нова можност да добиете одговор на кое и да било прашање во врска со проектот и со компанијата од службата за техничка поддршка при SOLARGROUP.
• Во менито на Почетната страница, кликнете на делот „Поддршка“. Или следете го линкот.
• Напишете го Вашето барање во прозорчето што ќе се отвори. Таму може да прикачите и слика за да се види на што се однесува Вашиот проблем или прашање.
• Стручњак од техничката поддршка ќе Ви одговори во рок од 24 часа.
Може да договорите повратен повик на руски, англиски и виетнамски. За да го сторите тоа, треба да изберете еден од овие јазици во бек-офисот.
Може да поставите прашање преку формуларот за контакт на кој и да било јазик во бек-офисот.
Работното време на техничката поддршка на Вашиот јазик и други начини за контактирање со стручњаците се достапни овде.
Со каков вид проблеми може да помогне техничката поддршка?
• Основни прашања за проектот: цели, напредокот на реализацијата, информации за SOLARGROUP и „Совелмаш“, и за технологијата „Славјанка“. Повеќе информации за овие пршања се достапни во објавите и на вебинарите.
• Инвестирање: додавање средства на сметката, уплата на рати, доделување удели, промотивни понуди во проектот.
• Верификација: пополнување формулари, прикачување документи, посебни случаи.
• Работење во бек-офисот: навигација, потешкотии.
• Партнерска програма: маркетинг план, промотивни понуди и др.
Исто така, преку службата за техничка поддршка, може да ги доставите своите предлози и коментари за развој на проектот или на бек-офисот.
Слободно стапете во контакт со нас! Со задоволство ќе Ви помогнеме.