Клиентот не ги уплаќа своите рати | Студија на случај од животот на партнерот
Сакате да работите со партнерската програма, но не знаете со што ќе се соочите? Веќе работите, но некои ситуации Ве збунуваат? Тогаш методата наречена студија на случај дефинитивно ќе Ви помогне! Ова е техника на учење каде што доаѓате до сржта на проблемот преку пример за конкретна ситуација.
Кога инвеститорот размислува за ситуацијата со која се соочува некој друг, самиот наоѓа излез од својата ситуација.
Решете го проблемот сега, со пример од реална ситуација во партнерската работа. Изберете го најдоброто решение или дајте Ваш предлог — ова ќе Ви помогне да се подготвите за практична работа со клиентите.
• Личност: Галина, Санкт Петерсбург, доктор на науки
• Плата: 40.000 рубљи бруто
• Семејство: ќерка и три внуци
• Додатен приход: околу 20.000 рубљи годишно од научни публикации
• Заштеда: нема дадено податоци
• Непредвидена околност: итно плаќање на медицински трошоци, вкупен износ од 200.000 рубљи
• Износ на месечна рата: 100 $
• Цел: отплаќање на ратите за пакет од 1.000 $
Опција 1. Да ѝ предложите на Галина да поднесе барање за банкарски кредит. Таа може да ги искористи средствата од кредитот за предвреме да ги отплати сите рати, и така да добие бонус удели. Може да ја потсетите Галина дека ѝ следуваат даночни олеснувања откако ќе ги плати медицинските трошоци.
Опција 2. Да ѝ предложете на Галина да позајми пари од ќерка ѝ или од роднините за да ја уплати следната рата.
Опција 3. Да ѝ го дадете на Галина Вашиот надоместок за препорака.
Опција 4. Да ѝ предложите на Галина да креира сертификат за уделите што веќе ги има платено, и да чека нејзиното отплаќање на рати да биде прекинато. Сепак, потсетете ја дека може да го обнови своето отплаќање на рати.
Опција 5. Да ѝ одржите на Галина презентација за партнерскиот бизнис со SOLARGROUP. Нагласете ѝ дека има голема веројатност дека ќе биде успешна бидејќи е многу активна на социјалните мрежи, и исто така користи месинџери за да обучува групи. Сигурно некои од колегите ќе бидат меѓу нејзините први клиенти. Продолжете да ѝ давате поддршка на Галина, покажете интерес за резултатите од нејзините први чекори во партнерскиот бизнис, споделете со неа корисни линкови, поканете ја на настани и четови, и предложете ѝ активно да ги користи деловите „База на знаење“ и „Работна методологија на партнерите“ во бек-офисот. Кажете ѝ на Галина дека може да го обнови прекинатото отплаќање на рати користејќи го својот надоместок за препорака.