Дали сте знаеле?
Дознајте кој ќе конструира цепелини во Русија и кога.
Има многу легенди поврзани со конструирањето цепелини. Многу луѓе сѐ уште веруваат во митовите за цепелините. На пример, еден од нив е дека конструкцијата на цепелини во 20-тиот век била осудена на пропаст затоа што во балонот бил користен запалив гас.
Но, што велат фактите? За вас подготвивме список од топ 10 факти.
• Карта за туристичкиот цепелин, Zeppelin NT, чини меѓу 260 и 820 евра, во зависност од времетраењето на летот.
• Во почетокот, цепелините биле дизајнирани за користење хелиум, кој е незапалив гас. Меѓутоа, Соединетите Држави престанале да ѝ доставуваат хелиум на нацистичка Германија, и ова водело до трагичната несреќа на Хинденбург.
• Еден цепелин од марката Zeppelin NT чини 20 милиони евра.
• Првиот лет на цепелин траел помалку од 20 минути.
• „Летечки цигари“ е прекарот што им го дал на цепелините Хуго Екенер. Хуго бил близок соработник на гроф Цепелин, и цврсто верувал во комерцијалниот успех на конструирањето цепелини.
• 8.000 метри е светскиот рекорд за височина на која летал цепелин, а го поставил рускиот аеронаут Станислав Фјодоров на 17 август 2006 год.
• Цепелинот „Хинденбург“, чија несреќа била една од причините за прекин на конструирањето на цепелини, го добил своето име во чест на Паул фон Хинденбург, човекот што го поставил Адолф Хитлер за канцелар на Рајхот.
• 130 часа и 27 минути сѐ уште е светски рекорд за непрекинат лет на цепелин, кој го поставил легендарниот советски цепелин „Осоавиахим“ во 1937 год.
• Штетните емисии во Земјината атмосфера ќе бидат намалени за 95% кога сите цепелини (и другите воздухоплови) ќе станат целосно електрични.
• Цепелинот е првиот воздухоплов кој стигнал до Северниот пол. Овој историски лет го извел Умберто Нобиле со цепелинот „Норвешка“ во 1926 год. Умберто Нобиле исто така дизајнирал цепелини во градот Долгопрудниј (Дирижаблестрое) во бившиот Советски Сојуз.
Исто како Хуго Екенер, и ние сме уверени во комерцијалниот успех на конструирањето цепелини. Дали и ти си уверен во тоа?
Придружи се на нашите официјални канали на социјалните мрежи!