Пет од стотици илјади: највпечатливи примери за примената на технологијата „Славјанка“
Во текот на 28 години практична примена на технологијата со комбинирани намотки „Славјанка“, нејзината ефикасност е потврдена со функционирањето на стотици илјади модернизирани мотори. Еве само неколку примери за успешната примена на „Славјанка“.
Пумпна станица
Во 1995 год., Дмитриј Дујунов за првпат ја примени „Славјанка“ така што ги премота електромоторите на североисточната пумпна станица во Стакханов. Овие мотори работат исправно до ден-денес.
Возило на тимот „KamAZ-Master“
Во 2017 год., генератор за возило KamAZ беше премотан со примена на технологијата со комбинирани намотки. Со тоа, моќноста на генераторот се зголеми за речиси 30%. Модернизираниот камион учествуваше во трката „Дакар-2017“. Тимот на „KAMAZ-Master“ беше задоволен од подобрувањето, и подоцна беа премотани и генераторите на останатите возила за релито Дакар во 2018 год.
Аголна брусилка
Во 2022 год., инженерите на „Совелмаш“ дизјанираа универзален вграден електричен погон за апарати за домаќинството и за електрични алати. Овој погон првпат беше инсталиран на аголна брусилка 230/2100M. Аголната брусилка со мотор заснован на „Славјанка“ работи потивко и помеко од другите слични брусилки, има поголема брзина и сечењето е поквалитетно. Сега во Кина се подготвува сериско производство на аголни брусилки развиени во „Совелмаш“.
BTR-80
Во 2022 год., беше модернизиран демилитаризиран оклопен транспортер BTR-80 со кој „Совелмаш“ учествуваше на меѓународниот воен и технолошки форум „Армија-2022“. Стручњаците вградија индукциски мотори со редуктори со комбинирани намотки на секое тркало, како и дизел-генератор за да го напојува системот со батерии. Како резултат на тоа, беше зголемена сигурноста, проодноста, можноста за одржување и отпорноста на ниски температури на ова теренско возило.
Тајландски чамци
Во 2019 год., во рамките на програмата за зачувување на екологијата на реките, во Тајланд беше покренат проект за претворање на чамците со бензински погон во чамци со електричен погон. Еден од учесниците во проектот беше и Виктор Арестов, раководител на компанијата ASPP Weihai и партнер на „Совелмаш“. На чамците беа инсталирани мотори со комбинирани намотки „Славјанка“ и соларни панели. Сега во главното туристичко подрачје на Банкок има неколку десетици вакви чамци кои не ја загадуваат реката и не создаваат бучава.
Повеќе примери за практичната примена на технологијата „Славјанка“ може да најдете на нашата веб-страница на следниов линк.
Дали се уверивте во ефикасноста и побарувачката на технологијата „Славјанка“? За да станете косопственик на единствената компанија во светот која ќе дизајнира електромотори со комбинирани намотки, одете на линкот подолу.