Дали партнерот размислува креативно или критички? | Основни принципи на деловното работење

Дали партнерот размислува креативно или критички? | Основни принципи на деловното работење

Креативноста е многу пожелна вештина. Таа помага да се најде решение и во безизлезни ситуации и придонесува за брза реакција. Креативната личност може да пронајде оригинално решение за ситуации во кои никој не може да се снајде. Освен тоа, таквото лице може да понуди нешто ново во ситуација кога сè друго веќе било испробано. Ваквите луѓе секогаш се полни со идеи, за нив ниту една задача не е здодевна. Креативниот партнер нема да ја користи готовата презентација за проектот, туку ќе ја измени на свој начин и ќе си создаде сопствена презентација. Тие партнери имаат посебна понуда за секој клиент, дури и кога самите немаат целосни информации.

Не е толку тешко да се развие креативно мислење колку што можеби Ви се чини. Првото нешто што ќе Ви помогне: не придавајте преголема важност на критиката. Се разбира, никој не може да го постигне ова 100%. Но, 100% не е ни потребно бидејќи повратните информации, вклучувајќи ги и негативните коментари, всушност, се алатка за креативна работа, тие се метод на работа на секој креативец. За полесно да ги преживеете критиките, добро е да се фокусирате на тоа дека Вашата идеја секако е добра и дека може само да се подобри и да се дополни. И сега, кога веќе сте позитивно настроени, можете да го вежбате креативното размислување со помош на следниве работи:

• асоцијации;
• играње улоги;
• фантазија (замислете се себеси на местото на некој друг или на нешто друго);
• лева рака (во дословна смисла: во секојдневните активности, обидете се да не ја користите раката со која обично ги правите работите, а тоа најчесто е десната);
• запишување на идеите;
• изнаоѓање нова примена на стара работа;
• учење на нешто ново;
• ново вработување, итн.

Има многу начини на кои можат да се прават работите и да се вежба креативноста! И, ова не е сè. Најважно е што креативното размислување дефинитивно може да се развие.

Одлично! Значи, партнерот треба да размислува креативното.

И така, тој развива креативно размислување и гледа нови можности таму каде што другите не ги забележуваат. Просто врие од генијални идеи но, од некоја причина, ниедна не може да ја спроведе во пракса и сè уште нема никакви резултати. Не може реално да ја процени ситуацијата, да се фокусира на едно нешто и да ги отстрани непотребните работи. Не може да ја избере најдобрата од своите идеи, туку сака наеднаш да ги реализира сите. Очигледно, време е да развие критичко размислување.

И способноста за критичко размислување е многу пожелна. Таа помага да се разликуваат фактите од заблудите, да се избере работна стратегија од низата стратегии што се нудат, итн.

И, критичкото размислување не е толку тешко да се развие. На пример, еве што може да направите:

• поставете си 6 прашања кога добивате каква и да било информација: што се случило? зошто? каде? кога? како? може ли да му се верува на изворот?
• совладајте ја SWOT-анализата: бидете заинтересирани за влијанието на внатрешните и надворешните фактори врз некој процес или појава;
• ослободете се од стереотипи и клишеа, размислувајте со своја глава, итн.

Ова во никој случај не ги опфаќа сите методи за развој на критичко размислување, туку само основните. Главната работа е дека е достижно, Вие може да научите да размислувате критички. Ова значи дека ќе можете полесно да му ја пренесете понудата на клиентот: ќе најдете докази за она што го кажувате, ќе изнесете аргументи и ќе ги проверите информациите.

Супер! Критичкото размислување навистина му е потребно на партнерот.

Ама, да не е сепак малку комплицирано? Да развиеш две спротивни вештини истовремено? Дали партнерскиот бизнис е стварно толку тежок?

Во никој случај! Ако воопшто не сте креативни и немате навика да ги проверувате информациите или, спротивно, ако сте креативни и секогаш ги проверувате информациите, ако едното Ви е јака страна, може да постигнете резултати во партнерскиот бизнис со било кој почетен збир на вештини. Искористете ги своите јаки страни кога ќе почнете да работите, а потоа ќе Ви помогнат комуникацијата и вештините од тимската работа. Во комуникација со луѓето и во интеракција со Вашиот тим сигурно ќе наидете на лица на кои им е јака страна или креативноста или критичкото размислување. И, ќе си помагате едни на други да напредувате.

За да станете вешти во комуницирањето...

Стоп. Едноставно почнете да разговарате со луѓето и да им кажувате за проектот. Во тој процес, партнерот ги стекнува и ги подобрува сите корисни вештини 😊

ОДЕТЕ НА НОВОСТИ