Повеќе податоци за финансирањето на проектот „Моторите на Дујунов“
Сакате ли да го следите финансирањето на проектот „Моторите на Дујунов“? За оваа цел, во прегледот на проектот е прикажано во реално време уште колку средства треба да се привлечат за да може Бирото „Совелмаш“ да биде пуштено во работа и да преминеме во последната фаза од финансирањето и реализацијата на проектот. Бројачот исто така го прикажува вкупниот износ за кој се продадени инвестициските удели.
Прегледот на проектот може да го најдете на Почетната страница во бек-офисот, во делот „Како течеше проектот“ во менито од лево, или на следниов линк.
Тој беше ажуриран — сега содржи повеќе информации и може полесно да се разбере.
• Додадовме колку инвестиции беа планирани да се привлечат и колку успеавме вистински да привлечеме во претходните месеци од 2024 год.
• Наведовме конкретно уште колку средства се планирани да бидат привлечени до крајот на јуни 2024 год.
• Ставивме и графикон за растот на цената на инвестициските удели од фаза 1 до тековната фаза 19.
• Ги ажуриравме податоците по години. Сега може да видите колку инвестиции беа привлечени и колку нови инвеститори се вклучуваа во проектот секоја година.
Прегледот на проектот е практична алатка за добивање на клучни информации за проектот „Моторите на Дујунов“.
Користете го самите, и препорачајте го на другите инвеститори и партнери во проектот!