Виктор Арестов за комерцијализацијата на технологијата „Славјанка“ во светот

Виктор Арестов за комерцијализацијата на технологијата „Славјанка“ во светот

Зошто сега моторите засновани на „Славјанка“ се произведуваат сериски само во Кина? 

Виктор Арестов, партнер на „Совелмаш“ и директор на ASPP Weihai, компанија што произведува електромотори модернизирани со примена на технологијата „Славјанка“, одговара на ова често поставувано прашање. Видеото е достапно овде

Виктор ја започна својата активност во Германија, каде што 7 години спроведуваше многу тестирања на моторите во лаборатории во фабрики и на универзитети. Моторите беа тестирани на електрични автомобили и електрични велосипеди.

Citroёn, Renault Kangoo и Renault Twizy се најпознати примери на возила на кои е применета технологијата „Славјанка“. 

Тие покажаа извонредни резултати и останаа запаметени на големите изложби. 

Меѓутоа, беше невозможно да се организира производство на иновативен производ во Европа и во Русија, бидејќи за тоа се потребни огромни почетни инвестиции од големи компании или од државите. 

Потребните услови беа пронајдени на Истокот. Во 2016 год., Виктор Арестов беше поканет прво во Тајланд и потоа во Кина. Беше основана компанијата ASPP Weihai, за која беа обезбедени и објекти и средства. Во 2018 год., започна сериското производството на првите мотори со комбинирани намотки DA-90S. За ова, Виктор Арестов беше прогласен за победник на Индустриското првенство во Тајшан, и му беше доделен грант во износ од над 1.800.000 јуани. Подоцна следеа и многу други награди на ниво на кинеската влада. 

Сега моторите засновани на „Славјанка“ се инсталираат во електрични автомобили, мотоцикли и колички за голф, кои масовно се произведуваат и се испорачуваат не само на кинескиот пазар, туку и во други земји. 

Главната цел на Виктор Арестов е да ги промовира производите дизајнирани од „Совелмаш“ и услугите на оваа компанија. Моментално во Кина забрзано се работи на започнување со сериско производство на мотори и електрични алати со погон заснован на „Славјанка“, кој беше дизајниран во „Совелмаш“. Тоа ќе ѝ овозможи на компанијата да влезе на светскиот пазар и да почне да заработува приходи од своите активности. 

Сакате ли да станете косопственик на компанијата „Совелмаш“ и да стекнете заработка од активностите на компанијата? Инвестирајте во проектот.

ИНВЕСТИРАЈТЕ