Продајте си ја себеси идејата за партнерство! | Работна методологија на партнерите

Продајте си ја себеси идејата за партнерство! | Работна методологија на партнерите

Многу луѓе имаат впечаток дека партнерската програма мора да вклучува тимска работа, во која секој учесник настојува веднаш да привлече што е можно повеќе партнери за себе. Меѓутоа, во партнерскиот бизнис се вклучени најразлични луѓе, со свои лични јаки и слаби страни. Некои од нив сметаат дека им е подобро да работат сами, на други им е премногу тешко кога некој ќе ги одбие и затоа по еден-два обиди престануваат да покануваат нови партнери во својот тим.

Идејата за партнерство и за партнерски бизнис не може да се наметне никому. Ако и самите имате слаба мотивација, луѓето нема да Ве следат.

Тогаш, во што е поентата? Партнерската програма му нуди секому можност да креира свој сопствен деловен проект во партнерскиот бизнис.

Како заработува еден партнер ако работи сам? Тој го нуди производот — клиентот инвестира — партнерот заработува. Има толку клиенти колку што самиот може да привлече.

Како заработува еден партнер кога работи со тим? Партнерот и неговиот тим го нудат производот — клиентите инвестираат — партнерите заработуваат. Партнерот ќе има толку клиенти колку што самиот може да привлече + клиенти што ќе ги привлечат членовите во неговата партнерска структура.

На овој начин, со помош на тимот, партнерот има додатна заработка. На долги патеки, оваа заработка станува поголема од надоместокот што лично го добива како бонус. Партнерот ќе може да работи помалку, а да добива повеќе. Во тоа лежи моќта на тимот.

Дали добивте одговор на прашањето зошто Ви е потребен партнерски бизнис? Овој одговор зрачи од Вас кога им давате деловен предлог на потенцијалните партнери. На пример:

• Овде сте затоа што верувате дека тоа ќе Ви користи и ќе Ви отвори нови можности. Едноставно кажете му го тоа на потенцијалниот партнер. Кога и самите верувате во она што го кажувате, ќе бидете поуверливи.
• Дознавте за оваа можност од некој друг и решивте да видите колку може да заработите. Одлично! Кажете му го тоа на Вашиот потенцијален партнер — можеби и тој го посакува истото.
• Изненадени сте што со инвестирањето не само што ќе си засигурате идна заработка, туку дека може да заработувате уште сега само ако им зборувате на другите за оваа можност. Уште подобро! Зборувајте за тоа со потенцијалниот партнер и споделете го своето откритие со него.

И, ова е само почеток на една сјајна кариера за Вас и за Вашиот тим. Прочитајте што следи потоа во „Работна методологија на партнерите“.

Уште од самиот почеток треба да сфатите една работа — не можете да им продадете на другите идеја што не сте си ја продале себеси.

ОДИ ВО МЕТОДОЛОГИЈА