Чамец со мотор заснован на „Славјанка“ беше тестиран на планинското езеро Сан Пабло

Чамец со мотор заснован на „Славјанка“ беше тестиран на планинското езеро Сан Пабло

Посетата на Еквадор од страна на делегацијата на SOLARGROUP и на Андреј Лобов, директорот на претпријатието „Ресурс“, беше многу необична. За да биде пренесен со авион од Русија, тешкиот мотор за чамец мораше да биде расклопен и пакуван во два дела во багажот.

Моторот го склопија студентите на Универзитетот во Еквадор во текот на предавањето на Андреј Лобов. Тоа укажува на одличната техничка подготовеност што ја нуди универзитетот и на едноставноста на самиот комплет.

На барање на водечката партнерка на компанијата SOLARGROUP во Еквадор, Марта Креспин Калдерон, електромоторот беше однесен на планинското езеро Сан Пабло. Ова езеро се смета за природен бисер на Еквадор и посетено е од многу туристи. Електромоторите ќе придонесат да се одржува чистотата на езерото.

Иако во бродската станица немаше чамец со висина на крмата од 381мм, што ќе одговараше за донесениот мотор, сепак беше спроведено тестирање. Бидејќи пропелерот беше високо над неговото дно, чамецот не можеше да развие значителна брзина. Освен тоа, ова додатно го оптовари моторот. Сепак, во текот на еден час тестирање, батеријата не се испразни, што потврдува дека моторот заснован на „Славјанка“ не е само моќен, туку и ефикасен.

Големата предност на електромоторите со комбинирани намотки е тоа што можат да се користат заедно со соларни панели и да се полнат додека се на вода. Партнерите и инвеститорите во проектот во Еквадор и во Перу се уверени во еколошката прифатливост на моторите и во изгледите за нивно користење во своите земји. Тие имаат намера да ги промовираат на секој можен начин, и затоа ќе продолжат да ги тестираат на пловни објекти.

Гледајте го видеото за повеќе детали, и уживајте во прекрасните пејзажи на езерото Сан Пабло.

ПОДДРЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ