Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

На градилиштето на „Совелмаш“ напорно се работеше цела седмица.

Беа отстранети и однесени на рециклирање искршените бетонски плочи и блокови од привремените патишта, како и земјата загадена со органски и градежен отпад. Беше отстранет и вишокот земја од поставувањето на комуналните мрежи.

Рововите во кои беа поставени комунални мрежи беа затрупани со песок.

Се рамнеше и земјиштето на целото градилиште.

Беше поставена комора за приклучување на водоводот со зградата.

Се заваруваа и цевките за топловодот, чии носачи веќе беа положени долж градилиштето.

Започна монтажата на јамката за заземјување.

Се чистеше и внатрешноста на објектот. Се отстрануваа остатоци од пакети, палети, дрвена граѓа и амбалажи. Со правосмукалки се отстрануваше прашината од преградите и од металните конструкции. Се чистеа подовите и прозорците.

Се работеше на пуштање во погон и на подесување на лентата за монтажа на статори. Беше инсталирана опрема за производство на пробна серија мотори со величина 100.
Иако монтажата и пуштањето во погон сè уште се во тек, во лабораторијата веќе се спроведуваат првите тестови и испитувања.

На некои меѓуспратови се става кошулица. При крај е и монтажата на преградните ѕидови.

Завршено е ставањето на плочките и уредувањето на еден од седумте ходници со скали. Другите шест се во различни завршни фази.

Во административната зграда се поставуваат металните рамки за стаклените прегради.

При крај е и вградувањето на лифтовите.

Беа испорачани материјалите за поставување на нисконапонска мрежа во производствената зграда.

Седиштето на главниот изведувач беше преместено од приколка во една од опремените простории на производствената зграда. Во тек е и преселбата на моменталниот подизведувач.
Сите градежни приколки се подготвуваат да бидат отстранети од градилиштето. На нивно место ќе се поставуваат комуналии и ќе се уредува теренот.

Се работеше на спојување и поставување на електричните кабли за опремата.

Во административната зграда, сите мрежи за напојување со слаба струја беа монтирани и споени во разводни ормари. Поставена е и електричната инсталација за осветлување.

Започна и доставата на материјали за инсталирање на системот за греење во административната зграда.

Нарачан е апарат за автоматско гаснење на пожари.

Одобрена е проценката на средства и извршени се авансни плаќања за поставување на надворешните комуникациски мрежи.

Ваквиот обем и темпо во изградбата беа возможни благодарение на активностите на инвеститорите и на партнерите! Важно е и понатаму да се одржува нивото на финансирање на проектот за да може Бирото да се заврши навреме.

Ве потсетуваме дека за оваа цел има низа нови промотивни понуди во проектот:

Минус една фаза на пакетите за деца

Пријателски бонус

Почетен бонус


Има и други понуди за инвеститори и партнери. Може да дознаете нешто повеќе за нив на следниов линк.

На 11 јуни 2023 год. започна трката Solar Race во Казахстан. Во неа учествува и тук-тук со соларни панели, во кој е вграден електромотор со комбинирани намотки DA-90.

Ова возило беше подготвувано за трката од страна на производственото претпријатие „Ресурс“. Возач на автомобилот е Владимир Попов, кој е и инвеститор во проектот.

Натпреварувачите ќе мора да поминат 2.700 километри во текот на 16 дена на многу високи температури.

Следете ја трката на каналот.

Да го поддржиме нашиот тим!

ПОДДРЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ