Цепелини на Арктикот
Grands Espaces е француска екотуристичка компанија која планира да води туристи на Арктикот во 2028 год. И тоа во цепелини!
За таа цел, компанијата веќе има нарачано 10 цепелини Airlander 10 од британскиот производител на цепелини Hybrid Air Vehicles. Цепелините, за разлика од другите видови превозни средства, лесно се спуштаат на тешко пристапни локации, вклучувајќи вода и мраз. Затоа изборот е јасен.
Кристијан Кемпф, основачот на компанијата Grands Espaces, е писател кој се занимава со научно-истражувачка дејност на Арктикот. Секогаш му било жал што бродовите, јахтите и авионите не се соодветни за многу експедициски кртстарења. Но, појавата на цепелини од новата генерација го решава овој проблем! Сега северниот пол може безшумно да се истражува и од воздух.
Оваа нарачка значително го зголемува портфолиото на производителите на Airlander 10. Овде веќе објаснивме колку беше успешно крудинвестирањето со кое беа привлечени инвестиции за овој проект.
И двете компании се многу задоволни од соработката. Тие се придржуваат за ист принцип — да се води бизнис без да ѝ се наштети на животната средина. Освен тоа, цепелинот Airlander 10 ќе помогне да се исполни уште еден принцип на екотуризмот: минимални трошоци и комуникација со локалните заедници.
Џорџ Ленд, извршен директор на компанијата Hybrid Air Vehicles, смета дека авионите се застарен вид на транспорт поради нивното негативно влијание врз планетата. Тој вели дека цепелините ќе го редефинираат туризмот со својата ниска емисија на јаглерод.
За цепелините Airlander 10 се заинтересирани и други поголеми купувачи. Еден од нив е Air Nostrum, шпанска регионална авиокомпанија.
Вреди да се напомене дека во моментов на пазарот нема доволно понуди со висококвалитетни технолошки решенија. Затоа купувачите практично немаат избор.
На пример, за цепелинот Airlander 10 сега се тврди дека е „најефикасниот голем воздухоплов во светот“. Дали сме спремни да го оспориме тоа? Проектот „Цепелини од новата генерација“ има потенцијал да му понуди иновативни решенија на светот!