„Вие сте првите што донесовте нешто конкретно во Охрид“ — што изјавија екологисти и сопственици на кајчиња за технологијата „Славјанка“
При крајот на минатата година, Андреј Лобов, директор на производственото претпријатие „Ресурс“, ја посети Северна Македонија, каде што беше испорачан вонбродски мотор со вграден електромотор со комбинирани намотки заснован на технологијата „Славјанка“.
Моторот беше тестиран на разни видови кајчиња на Охридското Езеро, во што учествуваа луѓе заинтересирани за примена на оваа технологија. Претходно веќе кажавме нешто за овие тестирања.
Освен тестирањата на езерото, Андреј Лобов одржа неколку средби на кои им ја претстави технологијата и проектот на екологистите, на сопствениците на чамци и на бизнисмени. Гостите беа импресионирани од информаците што ги добија, како и од можноста да учествуваат во тестирањата на кајчињата.
Игор Јовчески, вработен во охридската капетанија, сопственик на кајче
„Јас сум пријатно изненаден. Сме имале прилика да ги видиме тие електромотори, дали во тротинети, дали во автомобилска индустрија — одамна ги имало. Меѓутоа, сега имавме прилика да видиме како се користат на вода, баш кајшто ние сме, на Охридското Езеро... Кога го пробавме моторот, беше перфектен. Нема бучава, нема загадување. Мислам дека за тие киловати е дури и појак од бензинскиот.“
Борис Стојаноски, претседател на еколошкото друштво „Грашница“ (Охрид)
„Вие сте првите што донесовте нешто конкретно во Охрид — да ја видиме пентата со наши очи, да го осетиме тоа на лице место, да се повозиме со нашите охридски кајчиња, и да ги видиме на лице место перформансите на овој мотор. Се уверивме во нивната оправданост, сигурност, и сметам дека моторот ќе биде светла точка за езерото.“
Горан Устијаноски, началник на Капетанија на пристаништа (Охрид)
„Охрид е град под заштита на УНЕСКО, познат на многу туристи, љубители на пловидбата и на спортскиот риболов. Затоа ни е многу важно Охридското Езеро, како најголем резервоар на питка вода во Европа, да ја зачува својата уникатност.“
Охридските бизнисмени и екологисти се сериозно заинтересирани за технологијата и имаат намера уште оваа година да ја употребат на езерото.