Колку удели беа поништени при затворањето на откажаните пакети на рати?
Како што се ближи крајот на финансирањето на проектот „Моторите на Дујунов“, се намалуваат и поволностите за инвеститорите. Всушност, главната поволност беше самата можност да се купат удели во уникатно инженерско претпријатие кое се подготвува да биде пуштено во работа уште оваа година.
Ја затворивме можноста за обнова на пакети на рати откажани во 2017 и 2018 год. Со тоа беа поништени 2.780.447.710 удели кои се наоѓаа во откажаните пакети. Ова не е лоша бројка во споредба со вкупниот број удели кој сега изнесува речиси 45 милијарди. И, добра вест за оние инвеститори кои навреме ги плаќаат своите пакети.
Пакетите на рати откажани во 2019 год. содржат речиси 3,5 милијарди удели. Тие се следните за кои наскоро ќе биде затворена можноста за обнова. Затоа, ако Вие или некој што го познавате има таков пакет, сега е време да го обновите! Но, уште подобро е да ги уплаќате ратите навреме и да избегнете откажување. Впрочем, како и во секој маратон, најголемата награда ја добиваат оние што ќе ја истрчаат трката до крај без да се откажат.