„Ние сме првите во светот што го создадоа ова!“ — Дмитриј Дујунов за аголната брусилка
Аголната брусилка со вграден индукциски погон е првиот производ наменет за сериско производство кој е изработен од „Совелмаш“ со помош на технологијата „Славјанка“. Тој е навистина уникатен.
„Колку што ми е познато, никој во светот нема изработено аголна брусилка со вграден индукциски погон. Секогаш ќе бидеме првите што го сториле тоа! Им честитам на сите учесници во проектот!“ — изјави Дмитриј Дујунов.
Примерот со аголната брусилка многу добро покажува дека создавањето на иновативен производ е долг, сложен и скап процес.
• Најпрво инженерите на „Совелмаш“ дизајнираа електромотор за аголна брусилка и ја моделираа неговата работа. За ова беше потребен специјализиран софтвер и моќен сервер. Се разбира, беше потребен и стручњак кој требаше да добие обука.
• Потоа дизајнираниот мотор беше произведен во неколку варијанти. Лиењето на малиот кафезен ротор во алуминиум не можеше да се изведе без специјализирана опрема, без искуство со лиење и без познавање на посебните карактеристики на лиењето. За да биде куќиштето на аголната брусилка доволно цврсто, стручњаците на „Совелмаш“ самите го дизајнираа и нарачаа калап за лиење од Кина, во кој беа излиени 1.000 куќишта. Се очекува испораката на куќиштата и на калапите.
• Во различни фази, аголната брусилка беше подложена на низа тестрирања во лабораторијата на „Совелмаш“.
Повеќе информации за тоа како беше развиена аголната брусилка можат да се најдат на руски јазик на следниов линк.
Сега индустриската верзија на аголната брусилка е спремна и тестирана. Останува само да биде сертифицирана. Пред да бидат изработени аголните брусилки кои се однапред нарачани од некои инвеститори, ќе биде произведена пробна серија од 1.000 примероци.
Сето ова беше возможно благодарение на тоа што ја поддржавте компанијата „Совелмаш“ со вашите инвестиции. Од вашата поддршка сега, зависи колку брзо ќе биде завршен инженерскиот центар и колку брзо претпријатието ќе почне да работи со полна пареа.