Преглед на проектот: зошто е важно целосно да се отплатат сите рати?
Во проектот „Моторите на Дујунов“ може да купите пакет со инвестициски удели кој ќе го отплаќате на 10-30 месечни рати. Денес ќе Ви кажеме зошто е важно да го исплатите целосно и навреме.
• Ќе добиете многу повеќе инвестициски удели. Најчесто, повеќе од половина од уделите во пакетот се доделуваат откако ќе биде платена последната рата. Освен тоа, ако ги уплаќате ратите според распоредот, ќе Ви бидат доделени додатни 5% удели од нивниот вкупен број во пакетот.
Пример. Пакет со номинална вредност од 3.000 $ со попустот од фаза 19, купен на 10 месечни рати, содржи 327.000 удели. По секоја месечна уплата добивате 18.000 удели. На тој начин, по 9 месеци, ќе имате добиено 162.000 удели. Но, кога ќе ја извршите последната, односно 10. уплата, ќе добиете уште 165.000 удели и бонус од 5%, односно 16.350 удели.
• Ќе почнете порано да заработувате од инвестирањето. Навремената уплата на ратите е гаранција за успешна и брза изградба на инженерскиот центар „Совелмаш“. Што побрзо ќе биде довршено претпријатието, толку побрзо ќе заработувате дивиденди од неговите активности или од продажба на акциите.
Што ако не ги уплаќам ратите навреме?
Отплаќањето на рати ќе биде откажано 19 дена од датумот на последната уплата наведен на распоредот. Доколку го откажете плаќањето на рати, инвестициските удели кои веќе сте ги платиле ќе останат во Ваша сопственост, но трајно ќе ги изгубите бонус уделите.
Може да го обновите отплаќањето така што ќе ги уплатите сите заостанати рати во бек-офисот, на следниов линк.
Ако имате откажано плаќање на рати, побрзајте да го обновите бидејќи постепено ја затвораме оваа можност. На пример, повеќе не може да се обноват отплаќања на рати откажани во 2017 и 2018 год.
Но, многу подобро е да не се прекинува отплаќањето — и сега знаете зошто!