Преглед на проектот: што претставува технологијата „Славјанка“?

Преглед на проектот: што претставува технологијата „Славјанка“?

Видови намотки: класични и иновативни

„Славјанка“ е технологија со комбинирани намотки која се користи во електромоторите.

Намотката е метална жица на моторот која е потребна за да се претвори електричната енергија во механичка.

Постојат два вида класични намотки: ѕвезда и делта. Главното обележје на „Славјанка“ е тоа што ги комбинира и двата вида намотки во еден електромотор. Благодарение на ваквиот дизајн, моторот има повеќе предности во однос на класичните мотори.

Историја на „Славјанка“

Иако уште во 20 век имаше обиди да се комбинираат двата вида намотки, никој не можеше да извлече економска корист од нив. Првиот што успеа во тоа беше рускиот инженер Дмитриј Дујунов. Тој успеа да го примени концептот на комбинирани намотки на повеќето видови индукциски мотори, и изработи повеќе од 300 дијаграми. Комбинираните намотки беа наречени „Славјанка“.

Кои се предностите на моторите засновани на „Славјанка“?

• Трошат до 40 % помалку енергија. Всушност, „Совелмаш“ е единствената компанија во светот која дизајнира мотори со класи на висока енергетска ефикасност без да ја зголеми нивната величина во однос на моторите со ниска енергетска ефикасност.
• За нивното производство е потребно просечно 30 % помалку бакар. Ова овозможува заштеда на ресурсите на планетата и на бизнисот.
• Сервис факторот на електромоторот со комбинирани намотки изнесува 2,5. Во моторите со класични намотки овој параметар не е поголем од 1,3-1,4. Некои мотори засновани на „Славјанка“ работат без да се расипат повеќе од 20 години.
• Произведуваат помала бучава и вибрации. Употребата на овие електромотори е многу полесна и еколошки поприфатлива од употребата на класичните мотори.

Електромоторите засновани на „Славјанка“ имаат и други предности.

Каде се применува оваа технологија?

„Славјанка“ може да се користи во повеќето видови индукциски електромотори. Овие мотори се најраспространети во светот: се користат во домаќинствата, фабриките, транспортот, јавните комунални претпријатија, земјоделието и во медицината.

„Совелмаш“ ја користи технологијата на два начина.

Првиот начин е така што ги модернизира моторите заменувајќи ги класичните со комбинирани намотки, што придонесува за значително подобрување на перформансите на моторот.

Вториот начин е така што дизајнира потполно нови мотори засновани на „Славјанка“, во склад со потребите на одреден клиент. Ова овозможува да се искористи максималниот потенцијал на технологијата.

Стручњаците на компанијата секоја година добиваат нови патенти за оваа технологија, и работат на нејзиниот развој и практична примена. Инвеститорите во проектот „Моторите на Дујунов“ ги поддржуваат со своите инвестиции, и стануваат косопственици на едно навистина уникатно претпријатие.

ИНВЕСТИРАЈТЕ