Кои ќе бидат говорниците на Меѓународната конференција на SOLARGROUP во Москва

Кои ќе бидат говорниците на Меѓународната конференција на SOLARGROUP во Москва

На конференцијата на SOLARGROUP, ќе ги дознаете главните и најновите информации за проектот од раководителите на компанијата и од гостувачките говорници.

Следуваат повеќе информации за говорниците кои ќе им се обратат на присутните.

• Сергеј Семјонов, генерален директор на SOLARGROUP. Тој ќе ја отвори конференцијата и ќе зборува за општиот наредок на проектот.

• Александар Сударев, заменик-генерален директор за односи со јавност при „Совелмаш“. Тој ќе зборува за напредокот на изградбата и за резултатите што компанијата ги постигна неодамна, не само на градилиштето туку и на други полиња.

• Павел Филипов, раководител на Одделот за реклами и односи со јавност на SOLARGROUP. Тој ќе зборува за главните настани од развојот на проектот, и заедно со Александар Сударев ќе одговара на прашањата на гостите во публиката.

• Павел Шадскиј, комерцијален директор на SOLARGROUP. Тој ќе зборува за развојот на компанијата во фаза 18, како и за финансирањето на проектот и активностите во разни земји.

• Андреј Лобов, раководител на производственото претпријатие „Ресурс“. Тој ќе зборува за технолошките иновации во кои се користат моторите засновани на „Славјанка“. Некои од овие иновации ќе бидат прикажани на конференцијата. Исто така, ќе зборува и за земјите во кои патуваше неодамна за да прикаже како се користи оваа технологија во разни превозни средства.

• На Андреј Лобов ќе му се придружат учесниците во трката на соларни електрични возила Solar Race 2023, која се одржа во Казахстан, односно Олег Коваљов, главниот инженер на производственото претпријатие „Ресурс“, и Владимир Попов, возачот на тук-тукот и инвеститор во проектот. Тие ќе ги раскажат своите впечатоци од трката.

• Говорници од други земји. Ashok Chabria, коосновач на Rap Eco Motors, и Niranjan Singhvi, заменик-претседател на LHP Motors. Тие ќе објаснат зошто нивните компании се заинтересирани за примена на технологијата „Славјанка“.

• Национални претставници на SOLARGROUP од разни земји: Жил Вебер, Бирди Гулшан Кумар, Трин Ван Лонг, Димитар Димитров, Јохан Бучбах, Ишаку Марли, Васко Поповски и Александар Манжула. Тие ќе споделат информации за развојот на проектот во нивните земји.

Можете да ги видите и да ги слушнете сите овие луѓе на едно место само еднаш во годината, на Меѓународната конференција на SOLARGROUP. Присуствувајте на настанот и станете дел од нашата голема заедница!

РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ