Како се подготвува „Совелмаш“ да добие сертификат за завршување на изградбата?
Доаѓа пролетта, а тоа значи дека се ближи времето кога компанијата „Совелмаш“ ќе мора да ја помине проверката на државната комисија и да добие сертификат за завршување на изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг. Според договорот со „Технополис Москва“, тоа треба да се случи на крајот на март.
Сега „Совелмаш“ подготвува пакети со документација за да поднесе барање за завршување на изградбата. Уште сега е јасно дека дотогаш нема да бидат завршени бројни градежни работи, и комисијата веројатно ќе има забелешки за тоа. За да го забрза процесот, „Совелмаш“ покани стручњаци со цел да извршат прелиминарна инспекција.
Дмитриј Дујунов вели: „По 10 март, претставници на контролните и надзорните тела треба да започнат со работа на нашиот објект. Тие ќе дадат забелешки кои ќе мора да ги решиме пред да поднесеме барање за завршување на изградбата“.
Што е потребно за да се добие сертификат за завршување на изградбата?
Задачата на „Совелмаш“ е да ја предаде на проверка зградата која е поврзана со надворешните комунални мрежи и опремена со внатрешни комуналии и безбедносни системи. Технолошката опрема, мебелот и сл. не се задолжителни во оваа фаза. Затоа сега се вложуваат најголеми напори да се завршат внатрешните комунални мрежи.
Што ќе се случи откако ќе биде добиен сертификат дека изградбата е завршена?
Ќе следи период во кој ќе мора да се добие дозвола за пуштање на Бирото во работа. Во таа фаза, „Совелмаш“ ќе мора:
• да ја инсталира технолошката опрема и да ги отстрани грешките во неа,
• да ја пушти во работа,
• да ги опреми просториите и канцелариите со мебел и со сета друга потребна опрема.
Веќе се работи на овие задачи за да се заштеди време подоцна. „Времето сега ни е најважно од сѐ“, вели Дмитриј Дујунов.
И вие можете да ја забрзате изградбата со вашите инвестиции во проектот!