Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“
Изградбата на Бирото за дизајнирање и инженеринг „Совелмаш“ продолжи да се одвива истовремено на многу полиња.
• Во зградата се поставуваше електрика, се ставаа плочки, се завршуваа внатрешните ѕидови и се бојадисуваа таваните.
• Продолжи монтирањето на вентилацискиот систем, цевките, системот со противпожарни прскалки, и други работи.
Продолжи и поставувањето на топловодната станица.
• Се работеше на јамата преку која ќе се поврзе атмосферската канализација.
Продолжи затрупувањето на цевоводот од системот за греење.
Се изведуваа работи покрај платформата на опремата за климатизација, која наскоро ќе биде поставена на своето место.
• Привремената ограда беше целосно размонтирана, а на нејзино место ќе се стави трајна ограда.
Во изминатата седмица, беа привлечени предвидените средства од 4.000.000 $ со понудата „Ви благодариме“. Сепак, решивме да не го запираме ова брзо темпо на финансирање, кое им користи и на проекот и на инвеститорите. Затоа, промоцијата ќе трае заклучно до 15 септември.
Повеќе информации може да најдете овде.