Главни настани во седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Главни настани во седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Работата на градилиштето на „Совелмаш“ се одвиваше без прекин во текот на целата седмица.

Внатре во зградата на Бирото се извршуваа различни задачи.

• Успешно беше завршено хидрауличното тестирање на топловодот. Оперативната служба ја оцени топловодната станица како примерна. Беше одобрено плакнење на топловодот, и беше потпишан посебен протокол. Ова се уште неколку важни чекори за поврзување на зградата со системот за централно греење.
• Во зградата на Бирото продолжи поставувањето на комуналните мрежи. Главно се работеше на цевките за греење и на водоводот.
• На првиот и на вториот кат од административната зграда, како и на покривот, се поставуваа системите за вентилација и за отстранување на чад.
• Продолжи поставувањето на каблите од мрежата за електродистрибуција.
• Се поставуваа и цевките низ кои подоцна ќе циркулира етилен гликол за да може исправно да работи системот со клима-уреди.
• Продолжи и внатрешното уредување на административната зграда: се ставаа порцелански плочки, и се бојадисуваа ѕидовите и таваните.
• На градилиштето беше испорачана првата серија светилки кои ќе бидат поставени во ходниците, покрај скалите, во техничките простории и во просториите за краток престој.
• Беа испорачани и вратите за приземјето на административната зграда. Веќе почнаа да се ставаат.

Надвор од објектот се работеше на уредување на теренот и на комуналните мрежи.

• Се вршеше бушење под патот за да се поврзе системот за атмосферска канализација.
• Беше отстранета земја од десната страна на објектот во задниот дел покрај противпожарните скали.
• Во задниот дел на градилиштето се довезуваше ровка земја за тревникот.
• Лево од објектот беше исчистен асфалтот пред да се постават рабниците за тротоарот и да се стави подлога за тревникот.
• Се врзуваше арматурата во темелот на тремот кај предниот влез.

Како што гледате, изградбата е во полн ек на многу полиња. Најважното е да се завршат сите земјени работи и уредувањето на теренот, и да се поврзе греењето пред да настапи ладното време. Ова ќе биде возможно ако се задржи високото ниво на инвестирање што беше постигнато во август.

Би сакале да Ве потсетиме дека за оваа цел во проектот тече промоцијата „Ви благодариме“ заклучно до 30 септември.

Услови на промоцијата.

Побрзајте да инвестирате под поволни услови и да ја поддржите изградбата на Бирото „Совелмаш“ за да можете што побрзо да стекнете заработка од Вашата инвестиција!

ПОДДРЖЕТЕ ЈА ИЗГРАДБАТА