Овој иновативен проект многу ми значи | Приказна на партнерот на SOLARGROUP — Lissa Tirogo
Се викам Лиса Тирого. Живеам во Брегот на Слоновата Коска, во градот Гран-Басам.
Дипломирав на виша школа (BEPEC) и работев како агент за продажба. Исто така, како независен претприемач, заработував повеќе од 500 $ месечно. Го вложував мојот приход во инвестиции, но заработката не беше преголема, и не бев задоволен.
Во 2018 год., дознав за SOLARGROUP од еден партнер на компанијата, кој се викаше Атсе Сатурнин Јапо. Тој ми испрати порака на WhatsApp, во која напиша: „Тирого, имам една работа. Бидејќи си развоен програмер и стручњак за маркетинг, те молам, провери дали ова е нешто добро“. Се согласив, се регистрирав во проектот и почнав да работам. Сфатив дека компанијата SOLARGROUP се занимава со иновативна технологија и дека „Моторите на Дујунов“ е проект на иднината.
Стекнав голема доверба во луѓето со кои соработував во партнерскиот бизнис. Освен тоа, националниот претставник на SOLARGROUP во Брегот на Слоновата Коска, Жил Вебер, е човек кој е целосно посветен на работата. Кога ќе се зафати со нешто, тој го прави совршено, со сето срце и со сета душа. Во декември 2019 год., го потпишав договорот за партнерство со компанијата, а единствената личност која вистински ме инспирира да го развијам овој проект беше Жил Вебер. Ја сфатив суштината на проектот и самиот одлучив да учествувам во него. Што се однесува до моите чувства, сакав да напредувам што е можно побрзо, да успеам, да бидам активен и да стигнам до врвот на маркетинг планот.
Откако се вклучив во овој проект, моите пријатели и семејството ме следеа бидејќи сфатија дека не се впуштам во авантура. Имаа целосна доверба во мене, дословно со затворени очи, и заедно почнавме да чекориме по овој пат до сегашниот успех на компанијата SOLARGROUP.
Мојата прва цел беше да ги запознаам со проектот луѓето околу мене, а потоа и целиот свет. Сакав да развијам свој тим, да поставам темел за систематска работа.
Првите чекори во партнерскиот бизнис ги имав направено претходно, во друг проект кој се занимаваше со жичан транспорт. Ова искуство ми помогна, стекнав доста знаење кое можев да го применам во SOLARGROUP, и така, за неколку месеци, ги видов моите први резултати. Постепено купував сè повеќе и повеќе инвестициски удели, и до ден-денес продолжувам да го правам тоа. Сакам да купам милион удели.
Работев деноноќно со информациите за проектот и со најдобрите материјали кои ми ги даде мојот ментор Жил Вебер. Квалитетот на материјалите и примерот на мојот ментор ме мотивираа да работам уште повеќе!
Да, имам големо искуство, но правев многу грешки. Честопати се занимавав со повеќе работи истовремено, и на крајот не можев на ништо да се посветам како што треба. Мислам дека тоа е најголемата грешка во бизнисот. Заклучокот до кој дојдов е дека треба јасно да ја гледаш целта, добро да го разбираш процесот и да се концентрираш на работата. Мора да се движиш со полна брзина сè додека не ја постигнеш целта, додека не дојдеш до финишот. Не смееш да запреш сè додека не ја постигнеш целта, не смееш да се откажуваш. Сега сум како лав. Кога лавот демне плен, не го трга погледот од едно животно, од само една цел, и не запира додека не стигне до неа. Лавот не може да ги фати сите животни наеднаш, тоа е невозможно. Така и јас се фокусирав на проектот на SOLARGROUP за да ја остварам мојата цел. Во догледно време, ќе можам да искористам и други прилики. Благодарен сум на компанијата за оваа лекција.
Работата во SOLARGROUP е вистински предизвик за мене. Целосно му се посветив на проектот, и брзо постигнав успех. Во бек-офисот имам докази дека високи партнерски статуси можат да се постигнат за еден месец — мојата работа со препораките го потврдува тоа. Затоа сум спремен храбро да го кажам следново: успехот на партнерот зависи само од неговиот труд.
Еден проблем со кој се соочив во партнерскиот бизнис беше една ситуација која се случи со член на мојата структура во друг проект со крудинвестирање. Тој беше мој ментор пред SOLARGROUP, и во еден момент реши да прејде на проектот „Моторите на Дујунов“ заедно со сите негови партнери. Неговата одлука многу ме разочара — сметав дека ако некој сака да се занимава со сериозна работа, не смее да постапува така. Бев бесен! Тоа доживување ми беше многу болно. Дури почнав да зборувам негативно за целиот партнерски бизнис, се разочарав од оваа активност и некое време престанав да се занимавам со неа. Сето тоа навистина ме вознемири и ме обесхрабри. Бев збунет. Но, тој период помина и работите почнаа да се средуваат. Името на човекот што го направи тоа е Жил Вебер, веќе знаете кој е тој.
Јас се трудам и понатаму да привлекувам партнери и инвеститори, и продолжувам да ја разгранувам мојата структура. Она што најмногу ме мотивира е тоа што овој иновативен проект многу ми значи. Овде се ценат чесноста и довербата, а тоа се и мои животни принципи. Мојот вкупен приход досега изнесува 20.000 $. Обично заработувам најмалку 1.000-2.000 $ месечно. Воопшто не го очекував тоа во почетокот.
Моите ментори Жил Вебер и Ирене Сомда секогаш ме поддржуваат. Но, понекогаш изгледа како јас да му помагам повеќе на мојот ментор бидејќи сум развоен програмер. Затоа можам да кажам дека донекаде и самиот го постигнав она што го имам во животот.
Мојата цел е да ја развивам работата сè додека не заврши продажбата на уделите. И среќен сум што со моето учество во проектот придонесувам за производството на иновативни мотори. Сакам да станам „Претседател“ и да поседувам милиони удели. Работам со прилично голема брзина!
Многу им благодарам на компанијата и на моите ментори за поддршката која ми ја даваат уште од првиот ден на проектот сè досега! Ви благодарам за довербата и за неверојатните можности.
Сакам да му се заблагодарам и на мојот тим од партнери за целиот труд што го вложуваат во развојот на проектот, за нивната решеност да го промовираат. Голема благодарност до сите тимови во Африка! Само активната работа води до резултати.
Уште еднаш им благодарам на големите лидери и на прекрасните луѓе од Буркина Фасо, на сите оние кои создадоа мрежа од партнери и, се разбира, на партнерите од Бенин, Того и Сенегал. Од срце им благодарам на сите мои партнери од разни земји. И, ѝ симнувам капа на земјата што морам да ја спомнам — Камерун. Тие вршат неверојатна работа! Едноставно се одлични.