Да имав второ семејство, тоа ќе беше SOLARGROUP | Приказната на партнер на SOLARGROUP Wilfried Obossou (Бенин)

Да имав второ семејство, тоа ќе беше SOLARGROUP | Приказната на партнер на SOLARGROUP Wilfried Obossou (Бенин)

Се викам Вилфрид Обосу. Живеам во Порто-Ново (Бенин). Имам 23 години и професионална дозвола да предавам филозофија. Сега продолжувам да студирам филозофија со цел да магистрирам.

Да бидам искрен, никогаш порано не работев. Сметав дека најпрво треба да се концентрирам на студиите, да ги положам сите испити, да дипломирам и потоа да најдам работа. Школото ми беше најважно, а мојот сон беше да станам најобразованата личност во моето семејство. Но, кога бев втора година на факултет, почнаа моите финансиски проблеми. Навистина имав потреба од пари! Не можев да си осигурам приход ни за најосновните потреби. Тогаш мојот пријател Алберик Медеџл, кој ми беше соученик, ме запозна со онлајн бизнисот. Дури и инвестирав за првпат, и покрај незавидната финансиска состојба во која се наоѓав. За жал, работите не одеа како што треба, и за неколку седмици платформата на која инвестиравме исчезна. Ги изгубивме парите, не можевме да вратиме ни половина од нив. Меѓутоа, авантурата не заврши со тоа. Потоа се префрлив на неколку други платформи за инвестирање. Некои од нив сè уште работат, други не. На крајот изгубив многу пари, но никогаш не се обесхрабрив бидејќи си имав зацртано цел.

Во тоа време, немав реален извор на приход, и можев да се потпрам само на 5.000 франци (8 $) што татко ми ми ги испраќаше секој месец за да си купам храна за појадок и да купам некои основни работи како сапун, паста за заби, чевли итн.

Со парите што ги добивав не можев да правам речиси ништо бидејќи ги трошев најдоцна до крајот на седмицата, а требаше да покријам уште многу други трошоци. Бев како сирак или како некој што никој не го поддржува, и не можев да мрднам од место. Не можев ништо да заработам, морав да барам пари од родителите. Кога ќе им се јавев, тие се жалеа дека веќе направиле сè што можат за да ми ја платат школарината, која изнесуваше 500.000 франци (над 750 $) годишно, и дека треба да се потрудам да ги завршам студиите и да почнам сам да заработувам.

Напорно работев за да ја заработам мојата скудна заштеда — само за да ја изгубам вложувајќи ја во лажни онлајн компании. Сепак, не кренав раце! Додека еднаш пребарував на Интернет, наидов на една WhatsApp група која ја имаше направено Џозеф Тосу, еден од лидерите во партнерскиот бизнис во Бенин. Го немав сретнато никогаш порано. Тој нудеше доста можности на кои претходно не обрнував внимание. И така еден ден во септември 2019, тој накратко кажа нешто за SOLARGROUP. Морам да признаам дека тогаш не разбрав многу за што се работи. Затоа се откажав од таа идеја и продолжив да инвестирам во финансиски пирамиди, уверен дека на крајот сепак ќе успеам да најдам нешто што ќе ме води до успех. За жал, продолжив да го правам тоа сè додека не изгубив сè и западнав во долгови. Во тој период, се соочував со најразлични тешкотии, немав што да јадам, што да облечам... Веќе не гледав никаков излез.

После многу разговори, еден мој пријател кој се вика Остин Ајена ми ја испрати на WhatsApp книгата „Богат татко, сиромашен татко“ од Роберт Кијосаки. Откако ја прочитав, сфатив многу работи. Сфатив дека најпрво треба да се збогатам со знаење, па дури потоа да донесувам одлуки. Оттогаш со уживање читам книги за личен развој. Ја прочитав и книгата „Квадрант за протокот на пари“ од Роберт Кијосаки, која изврши толку силно влијание врз мене што ме поттикна да размислувам за долгорочно инвестирање. И, во 2020 год., конечно се свртев кон SOLARGROUP за да дознаам од прва рака за што се работи.

Успеав јасно да ги разберам принципите на SOLARGROUP, и лично истражив некои работи за да се уверам во веродостојноста на проектот „Моторите на Дујунов“. Еднаш, додека живеев во Паракоу и сѐ уште се немав преселено во главниот град на Бенин, Порто Ново, видов еден постер на Интернет. На него пишуваше дека во Паракоу ќе има презентација во живо на SOLARGROUP. Си помислив дека тоа ми е шанса да појдам и да дознаам повеќе за сè што ме интересираше, и затоа се регистрирав за настанот. Бев потполно задоволен од презентацијата! Сфатив кои информации ми недостасуваа, и добив уверливи одговори на сите мои прашања. Тој ден излегов од салата исполнет со ентузијазам, потполно уверен дека ова е конечно можноста да се остварат моите соништа и соништата на моите идни деца. Сфатив дека денес SOLARGROUP нуди многу ефикасни решенија така што поддржува иновативни технолошки проекти со кои ќе се решат еколошките проблеми, и ќе се осигура заштита на животната средина и за нас и за идните генерации. Истовремено компанијата обезбедува работа за луѓе што сакаат да ги сменат своите животи на подобро и да стекнат финансиска независност. SOLARGROUP има долгорочна визија за работи кои мене многу ме интересираат. Не смееме да ја заборавиме и транспарентноста и веродостојноста што компанијата ја покажува секој ден, како и сите ветувања што целосно ги одржува. Ова е многу отворена компанија! Тие ја користат секоја прилика да се зближат со партнерите и секогаш да бидат во тек со нивните активности, дење и ноќе. Без сомнение, динамичноста и професионалноста на раководителите е ненадминлива.

Се регистрирав во проектот и ја комплетирав верификацијата во 2020 год, кога го купив и мојот прв инвестициски пакет на рати во вредност од 100 $. Уплатив две месечни рати, и повторно западнав во финансиски проблеми. Тогаш решив да го потпишам договорот за партнерство и да го користам моето слободно време да работам, да добијам надоместок од SOLARGROUP, и со тие пари да вршам месечни уплати, да добијам што е можно повеќе удели и да купам повеќе пакети. Го потпишав договорот во 2021 год.

Почетокот не беше воопшто лесен! Беше многу тешко да се уверат луѓето дека проектот е вистински и веродостоен. Бидејќи живееме меѓу скептици, неверојатно тешко е некому да му се пренесе визијата на компанијата — речиси секој гледа со недоверба. Можам да кажам дека во оваа земја сè уште има многу неуки луѓе кои го затвораат умот и не ги забележуваат прекрасните можности што им се нудат. Тие чекаат прво ти да направиш нешто, па ако успееш, тогаш ќе тргнат по тебе. Секој сака инстант-заработка, но не сака да стори ништо во врска со тоа. За среќа, запознав неколку луѓе кои ја делеа мојата визија и кои го разбраа значењето на она што се случуваше. Решив да се опкружам со такви оптимисти кои се спремни за работа. Така влегов во овој мал круг на совесни и посветени личности.

Се трудевме да шириме информации во средина во која во секој момент можевме да наидеме на негативни реакции. Но, јас веќе бев потполно уверен во проектот и во моите способности Знаев дека ништо не може да ме спречи да ги постигнам моите цели. Првите на кои им ја пружив оваа можност беа моите родители, пријатели и колеги од факултетот. Никој од нив не се ни обиде да дознае за што станува збор, веднаш рекоа дека сигурно се работи за измама. Бараа докази за она што им го зборував. Само неколкумина рекоа дека ќе ме следат, но дури кога ќе видат дека ќе успеам. Мислам дека не сакаа да ме слушаат бидејќи не изгледав како уверлива личност, тогаш бев во тешка финансиска состојба, едвај врзував крај со крај. Затоа одлучив да работам со непознати лица на Интернет, и почнав секојдневно да барам клиенти. Уште од самиот почеток го сметав партнерскиот бизнис за вистинска работа. На мојата група на WhatsApp и на социјалните мрежи, редовно им зборував и сѐ уште им зборувам на луѓето за SOLARGROUP, секој ден пишувам нова содржина и ја следам маркетинг стратегијата.

Бидејќи мојата прва цел беше многу јасна и неоспорна, ништо не можеше да ме спречи да одам напред, дури и ако по цел ден работа немав никакви резултати. Морав нешто да заработам, не само да ги отплаќам ратите, туку и повремено да повлекувам средства за своите лични потреби. Почнав речиси од ништо, полека успеав да изградам сопствена заедница и постепено додавав во тимот луѓе кои имаа иста визија.

Мојата втората цел беше да создадам голема заедница. Сакав да влијаам врз луѓето и да ги поттикнам да си го променат животот за да можам еден ден да го запишам моето име во книгата на успесите.

Морам да кажам дека пред SOLARGROUP имав направено многу грешки. Првпат се запознав со партнерските активности во друга компанија, каде што секојдневно морав да гледам видеа на YouTube и добивав плата за тоа. Во животот се занимавав со толку многу работи што би можел да ги набројувам во недоглед! Повеќето од нив не беа платени, ниту една моја работа на Интернет не заживеа, но од сето тоа научив добра лекција. На пример, еднаш имав заедница од преку 500 луѓе и сите ги изгубив кога компанијата банкротира — беа разочарани што ме следеа. Мислам дека таквите неуспешни потфати се главната причина зошто денес повеќето потенцијални клиенти немаат доверба и во вистински перспективните компании.

Во SOLARGROUP научив многу за маркетингот и за инвестирањето. Но, продолжувам да учам секој ден. Сега знам дека никогаш не треба да инвестираш во пирамидален систем кој нема производи за продажба или не нуди никакви решенија. Освен тоа, не треба да почнуваш каква и да било работа без да имаш барем минимално знаење за неа. И треба да знаеш разумно да ризикуваш, а не слепо да ги следиш оние што велат „кој ништо не ризикува, ништо не добива“. Која е најдобрата одлука што сум ја донел? Да не се откажам од партнерскиот бизнис сѐ додека постои SOLARGROUP — без оглед на пречките со кои ќе се соочам. Уверен сум дека оваа компанија ќе опстои, ќе се развива и ќе ги импресионира сите што денес немаат доверба во неа.

Резултатите од партнерските активности не доаѓаат преку ноќ. На пример, моите први резултати дојдоа по три седмици, и не беа ништо посебно. Сепак, ми ја дадоа потребната мотивација! Како што велат, големото богатство доаѓа на мала врата. Иако немав некој голем приход, почнав да заработувам секој ден и сфатив дека мојата заработка значително ќе се зголеми ако привлечам повеќе партнери.

Апликацијата WhatsApp ми помага да најдам нови клиенти. На самиот почеток, беше многу добро што го купив најповолниот пакет од 100 $ и што го отплаќав на рати. И првите луѓе на кои им го кажав ова, ја искористија таа можност.

Сѐ уште не сум потполно задоволен со мојата работа, морам да направам уште многу за да го постигнам статусот што го сакам. Денес имам статус „Експерт“ кој го постигнав по една година работа. Можам да кажам дека стигнав до овде благодарение на напорна и истрајна работа. Работам во секое време без починка. Секој ден пишувам нови маркетинг содржини и развивам стратегии за да продолжам да напредувам. Честопати изнесувам презентации во живо во мојата земја, и секогаш се трудам да бидам во тек со новостите на SOLARGROUP. Вистина е! Не можам да избројам колку пати сум бил на презентација на SOLARGROUP, и секогаш ќе научам нешто ново.

Човекот што ме покани не обрнува внимание на проектот и не ми помогна да го разберам. Сепак сум му благодарен што ми даде шанса и ми овозможи да се регистрирам во проектот и да станам партнер на компанијата. Го разбирам, не е лесно да се биде партнер. На пример, секогаш наидуваме на потешкотии кога ги покануваме луѓето на презентација во сала. Повеќето не придаваат никаква важност на оваа работа, и велат дека ако станат партнери, ќе бидат како питачи. И покрај тоа што мнозина ветуваат дека ќе дојдат на презентација, секогаш нешто ги спречува во последен момент. А на оние што ќе се регистрираат во бек-офисот, мораш буквално да им стоиш над глава додека не ја комплетираат верификацијата. Секогаш споделуваме информации, но луѓето не сакаат да ги читаат — само сакаат да знаат кога ќе излеземе на берза и кога ќе бидат првите дивиденди.

Но ние продолжуваме да работиме без обѕир на сѐ, и се надеваме дека мнозина од нив ќе ни се придружат, иако со задоцнување.

Мојот стил на работа е да учам од другите, да ги набљудувам нивните стратегии и да научам како да се подобрувам. Едноставно уживам во тоа! Отворен сум и работам складно со сите, без разлика на расата или полот на лицето од кое учам. Многу сум стрплив и строг кон себе во работата. Сакам да покажувам голема почит кон своите партнери, и секогаш се трудам да ги заштитам и да ги поддржам. Исто така, брзо се приспособувам на најразлични луѓе, и се трудам да им го објаснам проектот на начин што ќе го разберат, дури и никогаш да не оделе на училиште.

Го избрав партнерскиот бизнис главно затоа што можам да го работам во секое време без да бидам под притисок од некој претпоставен. Овде можам да си создадам постојан извор на приход и да постигнам финансиска слобода. Сакам да се посветам на партнерскиот бизнис. Нема друго место каде што може да најдете таков привлечен план на наградување како што нуди SOLARGROUP! Постојано има промотивни понуди, предизвици и други активности. SOLARGROUP докажа дека може да се развива во секоја ситуација. Едноставно се чувствувам задоволно и сигурно работејќи со оваа компанија.

Заработувам со SOLARGROUP и го молам Бог да ми помогне да најдам добри луѓе за тимот.

На мојот пат веќе запознав доста луѓе со кои комуницирав за проектот, и кои придонесоа за мојот развој. Не сакам да зборувам многу за моите лични планови, но сакам да го споделам најважното што го планирам — да создадам голема заедница во оваа компанија со која ќе можам да соработувам денес и секогаш, и да ги промовирам големите проекти што SOLARGROUP ќе ги финансира во претстојните години.

Учам од оние што се многу поуспешни од мене! И имам намера да ги испробам нивните методи. Мојот тим ме мотивира, ме поддржува, секој ден партнерите ми испраќаат пораки со охрабрувачки зборови.

Благодарение на SOLARGROUP, сега можам да ги задоволам моите основни потреби, повеќе не зависам од моите родители, можам да преземам одговорност и самостојно да се издржувам. Накратко, не сум истата личност што бев кога не ја знаев оваа компанија. Денес се гордеам што сум водач на тим во кој има речиси 1.000 луѓе кои ме следат и ми веруваат.

Пред сѐ, сакам да му се заблагодарам на нашиот драг национален партнер Жил Вебер. Тој е секогаш тука за мене и секогаш е спремен да ме сослуша. Жил е едноставна личност со големо срце — тој е свесен за моите способности и има доверба во мене. Кога и да сакам да одржам презентација во живо, Жил ми обезбедува сѐ што ми е потребно за да ја организирам. Не можам да не го спомнам и сето она што го прави за нас Барбара Сака Кина, која му е помошничка на нашиот национален партнер! Таа е една од оние луѓе кои секогаш ме мотивираат да работам. Се восхитувам на нејзината едноставност и отвореност. Меѓу другото, сите ние одржуваме блиски односи и спремни сме да си помагаме едни на други. Слободно можам да кажам дека, да имав второ семејство, тоа ќе беше SOLARGROUP. Би сакал да им изразам благодарност и на водачите Медард Јехоу, Адими Мамадоу и Самуел Ахоуансоу кои се многу срдечни личности, со нив соработувам цело време. Бог нека продолжи да ве штити и да ви дава сила!

Благодарен сум му на нашиот драг водечки партнер Симеон Поблах за неговата работа и решителност, и на партнерите Херман Амоузоун, Асоу, Паулин Хоунсонлон, Исак, Бјенвенју Авокоу и на сите други што не успеав да ги спомнам овде. Сите вас ве носам во срцето — Бог нека ви дава секогаш сила да истраете!

ДРУГИ ПРИКАЗНИ