Пуштање во работа на производствената лента и други активности на градилиштето на „Совелмаш“
Во новата видеорепортажа, Дмитриј Дујунов нè води во обиколка на разни делови од градилиштето и зборува за напредокот на изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг.
Погледнете го видеото на следниов линк.
• Локацијата покрај Бирото се подготвува за асфалтирање. Теренот се чисти од непотребни материјали и од вишок земја. Треба да се отстранат околу 12.000 кубици земја.
• Изведени се приклучоците за заземјување, и наскоро ќе почне поставувањето на цевките за довод на електрична струја.
• Работата на комуналните мрежи е при крај.
• Наскоро ќе заврши и поставувањето на лифтовите во зградата.
• Во тек е и завршната обработка на ходниците со скалите.
• Се планира во јуни да биде пуштена во работа автоматизираната производствена лента и да започне производството на првата серија на мотори со комбинирани намотки.
• Изработени се подготвителни модели за моторот за тркало.
Времето на завршетокот на изградбата зависи од темпото на инвестирање. Брзината на реализација на проектот сега е во потполност во рацете на инвеститорите.