Партнерскиот бизнис е за секого! | Работна методологија на партнерите

Партнерскиот бизнис е за секого! | Работна методологија на партнерите

Постои една вообичаена заблуда. Кога работи со некој побогат клиент, партнерот мисли дека треба да му понуди да потроши пари, односно да инвестира. А кога комуницира со некој што нема пари, партнерот мисли дека треба да му понуди да заработи, односно да го покани да учествува во партнерската програма. Но постојат многу други опции!

Партнерскиот бизнис е прилика за секого. И треба да му се понуди секому! Еве зошто:

• Партнерот е личност како и сите други, и неговата перцепција на луѓето е субјективна. Тој може погрешно да ги процени ресурсите на другите.
• Тајната на партнерскиот бизнис не е во почетните ресурси! Секој може да постигне успех, во зависност од тоа како ја извршува задачата.

На пример, да речеме дека партнерот комуницира со мајка на две деца. И си мисли: таа не може да биде инвеститор, којзнае колку трошоци има. Или: па каков партнер ќе биде таа, сигурно нема време ни за себе!

Грешка! Партнерот не може однапред да знае што ќе избере некој. Секој сам одлучува што ќе прави. Затоа, целта на партнерот е секому да му објасни детално како може да заработи.

Голема е веројатноста дека токму мајката на две деца ќе ја искористи оваа прилика бидејќи сака да биде успешна и да им обезбеди подобра иднина на своите деца. А може да се случи партнерот да биде одбиен од некое лице кое и нема толку многу обврски. Дури и ако има искуство во промовирање на проекти, можеби тој човек ќе одлучи дека му е доволно она што веќе го има. А некое богато лице на кое му било понудено само да инвестира можеби ќе се заинтересира за партнерскиот бизнис и ќе постигне успех затоа што било во потрага по нов бизнис со цел да се самореализира и да стекне признание.

Немојте да мислите дека гледате и знаете сè! И имајте мудар пристап кон работата уште од самиот почеток. Едноставно, зборувајте за партнерската програма со секого. Оние што ќе прифатат, ќе станат дел од Вашиот тим, и со тие луѓе ќе постигнете резултати — со оние што се решени да успеат во партнерскиот бизнис.

За да имате мудар пристап во овој бизнис, од голема помош ќе Ви биде „Работната методологија на партнерите“.

Таму ќе ја најдете оваа и други препораки за Вашата работа.

ОДЕТЕ НА МЕТОДОЛОГИЈА