Компанијата има тим со кој е задоволство да се соработува | Приказната на партнер на SOLARGROUP — Paul Denis YENE (Камерун)

Компанијата има тим со кој е задоволство да се соработува | Приказната на партнер на SOLARGROUP — Paul Denis YENE (Камерун)

Се викам Paul Denis YENE, и живеам во Јаунде (Камерун). Јас сум магистер по психологија. Вработен сум како службеник за работа со млади и за организирање настани. Моите месечни приходи изнесуваат околу 300 $ — доволно за сметки и за храна.

Не гледав некоја посебна перспектива за себеси и за семејството. И не бев среќен поради тоа.

Може да се каже дека компанијата SOLARGROUP ја открив во два наврата. Првпат чув за неа во 2018 год. од еден пријател на Интернет. Но, не пројавив некој интерес бидејќи во тоа време веќе бев воодушевен од еден друг проект поврзан со крудинвестирање, а и мојот пријател не ми објасни баш најдобро за што станува збор. При крајот на 2020 год. повторно наидов на оваа компанија кога се запознав со Alain Bonfils Tchana — всушност, тој ме покани да учествувам во проектот „Моторите на Дујунов“ така што ми подари 100 инвестициски удели. Тогаш одлучив да дознаам нешто повеќе бидејќи по вторпат ми се укажа прилика за тоа.

Прво, проектот „Моторите на Дујунов“ ме привлече затоа што технологијата „Славјанка“ е законски заштитена со бројни патенти за иновациите на Дмитриј Дујунов (овој аспект е многу важен во проектите што се финансираат со крудинвестирање). И второ, силен впечаток ми остави иновативната и еколошката страна на овој проект. Факт е дека влегуваме во ера на зелена економија, кога светските сили тежнеат кон технологии кои ќе придонесат за почиста животна средина. Бидејќи бев фасциниран од самата технологија, одлучив подобро да се запознаам со компанијата SOLARGROUP, која беше одговорна за финансирање на проектот. Веднаш сфатив дека се работи за млад, динамичен и многу професионален тим. Нивната желба да ги стават учесниците во проектот во преден план особено се гледаше во редовните писмени и аудиовизуелни извештаи за напредокот на изградбата на „Совелмаш“, во седмичните офлајн и онлајн презентации, во беспрекорната поддршка за корисници, итн.

Во оваа компанија се запознав со луѓе кои ми помогнаа да се изборам за она што го сакам. Отсекогаш ми беше сон да поседувам акции во голема меѓународна корпорација, а со SOLARGROUP сум на пат да го остварам тој сон. Му се восхитувам на Gilles Weber, националниот партнер на Камерун, кого го сметам за вистински „пионер“. Тоа е човек кој ништо не го спречува да им зборува на другите за компанијата SOLARGROUP. Исто така, сметам дека присутноста и постојаната поддршка од мојот ментор Alain Bonfils Tchana многу придонесе за мојот напредок во компанијата. Alain е многу добра личност, секогаш спремен да ми помогне и да ми ги даде најновите информации. Кратко речено, компанијата има тим со кој е задоволство да се соработува.

Потпишав договор за партнерство во декември 2020 год. Бидејќи немав можност веднаш по регистрацијата да инвестирам толку колку што сакав, си помислив дека можеби партнерската програма би била најдобриот начин да заработам малку пари за да бидам во можност да ги отплаќам месечните рати. Веднаш потоа почнав да им кажувам за проектот на моите роднини и пријатели. За жал, повеќето од нив сè уште не го разбираат овој модел на инвестирање. Некои го мешаат изразот „инвестициски проект“ (на пр. проектот „Моторите на Дујунов“) со „инвестициска програма“ или „инвестициска платформа“, а повеќето од тие платформи се лажни и се служат со измама. Поради тоа, луѓето во сè гледаат измамници, и затоа честопати ја пропуштаат можноста да станат косопственици на претпријатие со многу барана технологија!

Првата цел што си ја поставив како партнер беше да го постигнам статусот „Специјалист“. Почнав да присуствувам на вебинари и на семинари за да дознаам повеќе за проектот. Отворив страница на Facebook (наречена „I Invest in Startups“) и почнав да барам потенцијални клиенти, главно во групи на WhatsApp. Секој ден разговарам за проектот со најмалку 20 лица.

Од разговорите со луѓето сфатив дека, иако оваа можност му се нуди секому, не може секој да ја искористи. Многумина, поради недостиг на финансиска писменост и неспремност да ризикуваат, не ја сфаќаат суштината на проектот и не сакаат ни да се потрудат да ја разберат.

Три месеци откако се регистрирав во проектот, го постигнав статусот „Специјалист“. Ова ме поттикна да вложам уште повеќе труд. Во март 2022 год., веќе стекнав статус „Мастер“ во SOLARGROUP. Ова достигнување ѝ го посветив на мојата сакана сопруга, која почина во февруари 2022 год. Таа знаеше колку сум одлучен да учествувам во проектот, и во нејзина чест сега тежнеам да го постигнам статусот „Експерт“.

Сите мои достигнувања се резултат на помошта од мојот тим и од мојот ментор. И самиот настојувам да му помагам на тимот секогаш кога има потреба. Ми требаше речиси една година да преминам од статус „Специјалист“ во статус „Мастер“. За да го постигнам тоа, морав да ја трошам секоја слободна минута за да барам потенцијални партнери, да одговарам на разни барања од мојот тим (од верификација на нивните кориснички профили на страницата на SOLARGROUP до надополнување на нивните сметки во бек-офисот најчесто со криптовалути). Истовремено, учествував на вебинари и на семинари, а го поттикнував и мојот тим да го прави тоа. Исто така, ги охрабрував да постапуваат на сличен начин и со сопствената партнерска структура. Освен тоа, се трудев да научам компетентно да ги споделувам информациите за проектот „Моторите на Дујунов“ и за компанијата SOLARGROUP, и да давам точни одговари на прашањата на потенцијалните клиенти.

Еден од проблемите во партнерското работење е кога имаш партнери кои од оваа или онаа причина не се придржуваат за својот распоред на отплаќање. Во таква ситуација страдаат најмалку три страни: проектот, кој не ги добива ветените средства; парнерот, кој нема да ги добие своите инвестициски удели; и јас, неговиот ментор, бидејќи нема да добијам надоместок за препорака. Ова ме мотивира да ги поттикнам своите партнери совесно да ги исполнуваат своите партнерски активности и да заработат пари за да извршат навремени уплати.

Во мојата работа, се придржувам за принципите на чесност, солидарност и пристапливост. Кога ќе поканам некој партнер, должен сум да му помогнам да го разбере проектот така што ќе му дадам целосни информации. Кога постои дух на солидарност, си даваме меѓусебна поддршка и стануваме дел од семејство чии членови секогаш си помагаат едни на други.

Ако успеам да го постигнам статусот „Претседател“, партнерското работење во SOLARGROUP може да ми стане главна работа. Моја следна цел е да стекнам статус „Експерт“, потоа да станам „Професионалец“, и на крај „Претседател“, зошто да не. Моментално сум решен да дадам сè од себе за да купам максимален број инвестициски удели во проектот „Моторите на Дујунов“. Исто така, планирам да си осигурам месечен приход од најмалку 1.000 $ од моето партнерско работење.

Она што ме инспирира во оваа работа е харизматичноста на Gilles Weber, посветеноста на Victor Essombe (заменик на националниот партнер во Камерун) и грижливоста на Alain Bonfils Tchana. Овде се запознав со прекрасни луѓе со кои имам сличен поглед на животот, луѓе кои се спремни да ги променат своите животи и да ризикуваат за да придонесат да се зачува екосистемот на планетата.

Ѝ благодарам на компанијата SOLARGROUP што ми овозможи да учествувам во овој прекрасен проект и што ми даде прилика да го остварам својот сон — да станам косопственик на меѓународна корпорација и да им понудам на луѓето нешто корисно така што ќе ги запознавам моите современици и потомци со технологијата „Славјанка“.

Му се заблагодарувам и на мојот тим за укажаната доверба и поддршка.

ПРОЧИТАЈТЕ И ДРУГИ ПРИКАЗНИ