Дознајте на кои начини може да го заштитите Вашиот кориснички профил

Дознајте на кои начини може да го заштитите Вашиот кориснички профил

Компанијата SOLARGROUP се грижи за безбедноста на корисниците на бек-офисот. Затоа подготвивме низа ажурирања за да можете полесно да ги контролирате активностите на Вашиот кориснички профил.

Ажурирањата стапуваат на сила на 22 август 2024 год.

Потврда на Вашата најава во бек-офисот.

❌Претходно: ја потврдувавте најавата само со помош на автентикатор.

✔️Сега: ја потврдувате Вашата најава на кој и да е начин што Ви одговара — преку Telegram, имејл или автентикатор.

Промена на Вашата лозинка.

❌Претходно: за да ја промените лозинката, добивавте имејл со линк за посебна страница.

✔️Сега: може да ја смените Вашата лозинка на истата страница така што ќе кликнете на копчето „Обнови лозинка“. И може да потврдите дека тоа е Вашиот кориснички профил така што ќе го изберете кој и да било начин што Ви одговара — преку Telegram, имејл или автентикатор. Доколку претходно се избрале да се најавите на Вашиот кориснички профил преку Telegram, кодот за обнова ќе Ви биде испратен на Telegram.

Парични трансакции.

❌Претходно: кога подигавте средства, кога префрлавте од партнерска на главна сметка и кога вршевте други парични трансакции, потврдата на Вашите активности беше опционална. Немаше задолжителна потврда.

✔️Сега: избирате најмалку еден начин да ги потврдите Вашите активности или ги избирате сите три наеднаш — преку Telegram, имејл или автентикатор. Ако ги изберете сите три начини, ја потврдувате секоја парична трансакција на секој од тие начини.

Кажете им на Вашите пријатели и клиенти за новите можности. Ви посакуваме потполна безбедност во сите Ваши активости!

ОДЕТЕ НА НОВОСТИ