Дознајте за новиот проект од неговите автори
Ова е почеток!
На 7 август, претставивме проект чија цел е да создаде нова индустрија во транспортот. Со средствата од колективното инвестирање ќе се основа претпријатие кое ќе се занимава со проектирање, производство, употреба и продажба на цепелини од новата генерација.
Покрената е нулта фаза во проектот во која треба да се соберат 2,5 милиони долари! Во бек-офисот на SOLARGROUP, уште сега можете да купите удел во овој бизнис со најголем попуст.
Гледајте ја снимката од емисијата за да дознаете повеќе детали за техничките и инвестициските аспекти на проектот, и за да се запознаете со тимот.
На YouTube.
Чет за почетокот на проектот.
Во презентацијата на проектот учествуваа водечки руски стручњаци за конструирање на цепелини, научници и проектанти на АД „Аеростатика“, предводени од академикот Александар Кирилин. Компанијата „Аеростатика“ ќе се занимава со развој на иновативни цепелини користејќи сопствени патентирани технологии. Проектот исто така ќе се спроведува со поддршка на Московскиот воздухопловен институт и други организации од таа индуструја.
Генералниот директор на SOLARGROUP, Сергеј Семјонов, зборуваше за финансискиот аспект на проектот и за стратегијата за негова реализација.
Би сакале да нагласиме дека продолжуваме и понатаму да ги исполнуваме сите наши обврски кон инвеститорите и партнерите во проектот „Моторите на Дујунов“ и кон „Совелмаш“! Постапката за добивање акции и покренување на интерната берза се во полн ек. Веќе е собран дел од вкупно 300 милиони рубљи кои треба да се префрлат на сметките на „Совелмаш“ во втората половина од годината.
Според тоа, веќе имаме многу јак тим составен од инженери проектанти, стручњаци за производство и специјалисти за привлекување инвестиции. Ги имаме сите потребни патенти, знаење и искуство, јасна деловна стратегија и прелиминарни договори со клиенти заинтересирани за купување цепелини. Инвестициите веднаш ќе влезат во бизнисот.
Придружете ни се — да го започнеме проектот заедно!