Побрзајте да зголемите тековен пакет кој го отплаќате на рати!
На пролет е вообичаено да се ослободиме од старото и непотребното за да направиме место за нешто ново и подобро. Затоа, продолжуваме да го намалуваме бројот на промоции во проектот.
На 1 април, ја затворивме можноста за зголемување на исплатен пакет.
На 1 мај ја затвораме можноста за зголемување на тековни инвестициски пакети! Затоа, ако отплаќате пакет на рати, може да го зголемите само во април.
Што ќе добиете со зголемувањето на пакетот?
• Можност да купите удели со попустот што важел за пакетот кој сакате да го зголемите. Ова е особено исплатливо доколку сте купиле пакет на рати пред тековната фаза 19.
• Можност да го зголемите својот удел во компанијата за пократок рок отколку да купите нов пакет. Впрочем, дел од зголемениот пакет веќе е платен со Вашето тековно отплаќање на рати. Сигурно ќе се согласите дека, да плаќате рати 5 месеци, е психички полесно отколку да плаќате 10 месеци.
• Кога ќе се зголеми пакетот, ќе се зголеми и бројот на бонус уделите од промоциите што се применливи на тој пакет. Затоа што процентот на бонусот ќе биде пресметан врз основа на поголемиот број удели во зголемениот пакет.
Може да го зголемите Вашиот пакет кога сакате во април.
• Изберете го овде пакетот кој тековно го отплаќате на рати. И кликнете на „Зголемете пакет“.
• Изберете ја номиналната вредност на која сакате да го зголемите тековниот пакет. Кога ќе кликнете, ќе може да видите колку удели ќе бидат додадени на Вашиот тековен пакет, како и износот и распоредот за месечните уплати.
• Уплатете го износот за зголемување на пакетот доколку е потребно.
Побрзајте да ја искористите можноста која наскоро ќе биде затворена засекогаш!