Асфалтирање и завршна внатрешна обработка на Бирото „Совелмаш“
Изградба на инженерскиот центар
Минатата седмица, работата во Бирото за проектирање и инженеринг напредуваше на разни полиња.
Беа излеани последните слоеви на асфалт, и беше поставена трајната ограда од страната на објектот каде што е завршена работата поврзана со комуналните мрежи.
Внатре во зградата на Бирото се одвиваа најразлични активности.
• Во административната зграда се инсталираше опремата за контрола на влез со помош на магнетни картички.
• Беше спроведена топлина до системите за водоснабдување за да може да се прејде на постојаниот систем за греење.
• Беа назначени членовите на комисијата за одобрување на системите за дистрибуција на топлинска енергија, со која претседава Дмитриј Дујунов. Комисијата ќе почне со работа следната седмица.
• За одржување на температурата која е потребна за спроведување на завршните работи во административниот дел моментално се користат вентилатори со топол воздух.
• Завршено е бетонирањето на подовите на првиот и вториот кат во административната зграда.
• Во тек се подготовките за бојадисување на ѕидовите во административниот дел. Ходниците каде што се наоѓаат скалите веќе се бојадисани.
• При крај е и монтирањето на системот за вентилација во административната зграда.
• Во тек е поставувањето на светилките.
• Беа спроведени кабли за приклучување на струјата.
• Се поставуваа противпожарните системи.
• Беше монтиран новиот ласерски уред и сега е во тек неговото пуштање во употреба.
• Беа испорачани санитарните јазли за тоалетите во приземјето на административната зграда, како и ормарите за гардеробите.
Работа поврзана со документи
Исто така, стручњаците напорно работеа да изготват документација за поднесување барање за потврда за завршетокот на изградбата.
Подготовка за производство на аголни брусилки
Се пакуваа опремата и материјалите кои треба да се испратат од Кина во „Совелмаш“. Еден контејнер е целосно наполнет со составни делови за аголната брусилка.
Ве потсетуваме дека е во тек првото коло од лотаријата на SOLARGROUP, чија цел е да се забрза финансирањето на проектот. Ако инвестирате во октомври, ќе добиете кешбек и ќе имате можност да го зголемите Вашиот удел во проектот дури за 2,5 пати, како и шанса да освоите електричен автомобил и електричен мотоцикл.