„Тенк“ заснован на „Славјанка“ против кинеските магнети
Кина се подготвува за производство на електрични камиони LOJO, во кои ќе биде вграден мотор со комбинирани намотки. Руската технологија ќе му овозможи на ова возило да има далеку подобри перформанси од својот кинески фабрички аналог во кој е вграден магнетен BLDC мотор.
Гледајте го видеото на YouTube.
Виктор Арестов, директор на ASPP Weihai, е вклучен во производството на лиценцирани мотори со комбинирани намотки засновани на „Славјанка“. Заедно со Андреј Лобов, кој е раководител на производственото претпријатие „Ресурс“, тој има за цел да започне со производство на овие камиони и да ги испорачува во разни земји.
Во возилото ќе биде вграден нов модел на мотор, со четири пола, кој е многу помоќен и побрз од своите предходници со шест пола. Моторот беше тестиран во лабораторија на „Совелмаш“ и покажа извонредни перформанси.
Зошто електричниот камион со мотор заснован на „Славјанка“ ќе биде подобар од својот аналог со магнетен мотор?
• Возило со магнетен мотор користи многу енергија, особено при старт и кога се движи по угорнина. Моторот со комбинирани намотки троши 2 пати помалку енергија во споредба со магнетниот мотор.
• Камион со BLDC мотор не може да се искачува по угорнина под агол поголем од 20%, што во голема мера ги ограничува неговите можности за патување. Моторот заснован на „Славјанка“ има огромен вртежен момент, и ќе овозможи камионот да се движи и по стрмни угорнини дури и со оптоварување од 1,5 тони. Ќе влече скоро како тенк!
Партнерите на Виктор Арестов од Индонезија веќе се во исчекување на моќниот камион заснован на „Славјанка“. За него ќе има голема побарувачка и во други земји.
Ова значи дека технологијата постепено ги освојува пазарите, а „Совелмаш“, единствената компанија во светот која дизајнира мотори засновани на „Славјанка“, ја зајакнува својата позиција. Токму сега може да станете косопственик на компанијата или да го зголемите Вашиот удел во бизнисот под поволни услови!