„Ви благодариме“ продолжува
На Меѓународната конференција на SOLARGROUP, која се одржа на 16 септември, беше објавена одлуката за продолжување на промоцијата „Ви благодариме“ како одговор на бројните барања од нашите инвеститори и партнери. Претходно планиравме промоцијата да трае до 15 септември. Но, сега може да инвестирате заклучно до 30 септември и да добиете додатни удели и други бонуси!
Оваа промотивна понуда се покажа како најуспешна во целата историја на проектот. Успеавме да привлечеме рекорден износ на инвестиции. 
Во текот на двата месеца додека траеше промоцијата:
• во неа учествуваа 4.330 нови инвеститори, 
• на сметките во бек-офисот беа уплатени 4.561.948 $, 
• беа продадени пакети на рати во вредност од 16.705.523 $. 
Благодарение на промоцијата, на градилиштето на „Совелмаш“ беа постигнати следниве резултати. 
• Беа поставени повеќето надворешни комунални мрежи: греењето, снабдувањето со топла вода, електричната струја, осветлувањето, телеметријата и други. Преостанува да се постават цевките за довод на ладна вода и да се поврзе системот за атмосферска канализација на централната мрежа. Во самата зграда, работата на комуналните мрежи е во полн ек: многу работи веќе се направени, но треба да се завршат уште многу други. 
• Беше поставен асфалт кај товарната рампа, од левата страна и зад објектот. Но, треба да се излеат уште неколку слоеви. Теренот на десната страна од Бирото се подготвува за асфалтирање. 
• Зелените површини веќе се формираат. Во задниот дел од градилиштето е подготвен тревникот кој треба да се затрупа со црна почва. 
• Привршуваат и завршните работи на внатрешните зидови, на подовите и на таваните. Во некои простории од административната зграда, целосно се поставени подните плочки, и бојадисани се ѕидовите и таваните. Но, претстои уште доста работа на внатрешното уредување на просториите. 
• Се монтираат вентилациските системи. Ова е уште еден дел од работата што треба да се заврши. 
• Беше инсталиран и бојадисан системот со противпожарни прскалки, а беа завршени и други задачи. 
  
Но, не можеме да се потпреме само на она што го постигнавме досега. Многу е важно да се заврши главниот дел од градежните работи надвор од објектот, да се поврзе зградата со топловодниот систем и да се завршат другите комунални мрежи пред да започне ладното време. 
Затоа, ги поттикнуваме сите инвеститори и партнери активно да учествуваат во промотивната понуда која е корисна апсолутно за секој учесник во проектот. 
Условите на промоцијата се достапни на овој линк.
Побрзајте да ја искористите и да ја поддржите изградбата на Бирото 
„Совелмаш“!