SOLARGROUP ги освои срцата во Латинска Америка
Беше потребно само да одржи втора конференција! Како потсетување, првата конференција во Перу беше одржана во 2021 год., а втората се одржа неодамна, на 27 мај во Лима.
Денес ќе Ви покажеме како изгледаше.
• Беа присутни повеќе од 200 посетители на конференцијата.
• Беа изнесени впечатливи бројки поврзани со финансирањето.
• Присуствуваа главни раководители на компанијата.
• Се зборуваше за достигнувањата и за завршните фази од изградбата на инженерскиот центар „Совелмаш“.
• Беа изнесени новости за отворањето на претставништво на SOLARGROUP во Перу.
• Отворена е изложбена просторија во самото претставништво, каде што сега апсолутно секој може да ги допре, да ги види со свои очи и да ги разгледува колку што сака самите мотори, технологијата и сета документација за проектот!
• Имаше интензивна обука за партнерите следниот ден по конференцијата.
И тоа не е сè што им беше понудено овој пат на учесниците и на поддржувачите на проектот во Перу.
„Многу сум задоволна!“ — вели Роза Перез, учесник и партнер на SOLARGROUP во Перу. „Партнерите имаа многу прашања. Го поканив мојот тим од околу 50 партнери. Никој од нас не бил во Русија и не го видел Бирото за проектирање и инженеринг. А сега добивме многу информации од главните раководители на компанијата. Ќе инвестираат и оние што досега немаа инвестирано! Конференцијата ги надмина сите мои очекувања.“
Друг наш партнер призна дека цела година не можел да убеди ниту еден клиент да инвестира. Конференцијата го реши овој проблем!
Мнозина од посетителите истакнаа дека посебен впечаток им оставила презентацијата на Андреј Лобов, директорот на производственото претпријатие „Ресурс“. Околу електромоторите со комбинирани намотки „Славјанка“ и моторот за чамец што Андреј ги имаше донесено на конференцијата постојано се собираа голем број заинтересирани лица. Луѓето имаа толку многу прашања за моторите што Андреј немаше време ни да се напие кафе за време на паузата!
На следниов линксе наоѓа видеото за одржаната конференција во кое ги изнесуваме најважните, трогателните и инспиративните моменти, како и нашата фоторепортажа.
Нема сомнение дека вредностите на проектот „Моторите на Дујунов“ и на компанијата SOLARGROUP — да се зачува планетата и да им се дадат на луѓето еднакви можности за заработка — сега ги делат сите (или скоро сите) во Латинска Америка!