Денес во канцеларијата на „Нова“: подготовка за лет во стратосферата
Дознајте кој ќе конструира цепелини во Русија и кога.
Дали со нетрпение очекувате да го видите првиот воздухоплов на компанијата „Нова“? Спремни сме да Ви го прикажеме!
Оваа недела, на 27 октомври, планираме да лансираме стратосферски балон во Переславле-Залески. Нашето барање за лансирање веќе беше одобрено!
Драги пријатели, тоа што ни беше одобрено барањето е само по себе значајно достигнување. Навистина не е лесно да се добие! Лансирањето е дозволено САМО во сабота и во недела. Освен тоа, временските услови мора да бидат соодветни за лансирање, бидејќи не сакаме да ви емитуваме снег или дожд. Потребна ни е поддршка од секој од вас! Да се надеваме сите дека времето во недела ќе ни дозволи да го оствариме нашиот план. 🙏
Стратосферскиот воздухоплов е балон дизајниран за летови во стратосферата на височини поголеми од 11 километри, и наменет е за научни истражувања, астрономски набљудувања и сл.
🚀 Како се изведува вакво лансирање? Ќе го подигнеме нашиот прв дизајниран стратосферски балон во стратосферата, за кој имаме развиено два комуникациски системи. Ќе има директен пренос на видеосигналот на Интернет, со HD квалитет, пренос во живо! Првиот систем е со мала моќност за мали стратосферски воздухоплови. А вториот е со ултра-моќност за напредни стратосферски платформи во иднина. И двата система ќе бидат тестирани истовремено! Летот ќе трае 1,5 час. Ќе бидат изнесени повеќе информации на денешниот вебинар, затоа не го пропуштајте.
🌐Зошто се спроведува вакво лансирање? Освојувањето на стратосферата од гледна точка на комуникациските системи е многу исплатливо и перспективно. Затоа во компанијата „Нова“, меѓу другото, се занимаваме и со стратосферски иновации. За да можеме во иднина да конструираме стратосферски платформи од типот на цепелини, почнуваме со лансирање на мали стратосферски сонди. Придружете ни се на денешниот вебинар за да дознаете нешто повеќе за воздухопловот што ќе го лансираме пред нова година!
Моментално спроведуваме тестирања на електромагнетната компатибилност на системите за пренос на податоци со мала и со ултра моќност. Наскоро ќе ги споделиме резултатите од овој експеримент со вас. Следната фаза е тестирање на терен, кое се надеваме дека ќе ви го прикажеме во живо во недела.
Придружете ни се на каналите на нашите официјални социјални мрежи!