Празник во Еквадор: Како помина конференцијата на SOLARGROUP во Кито?

Празник во Еквадор: Како помина конференцијата на SOLARGROUP во Кито?

SOLARGROUP отвори свое национално претставништво во Еквадор есента 2021 год. Истовремено беше одржана и првата конференција, на која ги запознавме посетителите со проектот и со нашите планови за понатамошен развој. Во текот на пандемијата, раководителите на компанијата можеа да учествуваат во настанот само преку видеоконференциска врска.

Една и пол година подоцна, тимот на SOLARGROUP за првпат отпатува во Еквадор за да може лично да присуствува на конференцијата. Од отворањето на националното претставништво во оваа земја, бројот на инвеститори порасна за двапати. Во Еквадор живеат повеќе од 1.600 учесници во проектот, а секој трет од нив е инвеститор. Освен тоа, таму работат повеќе од 200 активни партнери. За сите нив беше важно да се запознаат со раководителите на компанијата и да слушнат од прва рака за проектот.

Конференцијата беше долгоочекуван настан кој ги надмина сите очекувања. Учествуваа повеќе од 200 лица, и тоа е одличен показател за Еквадор.

Овој пат главно зборувавме за резултатите.

Павел Филипов, раководител на одделот за маркетинг и односи со јавност, зборуваше за напредокот на изградбата на инженерскиот центар „Совелмаш“ и за други важни новости. Тој објасни како ќе тече трансформацијата во јавно акционерско друштво и како ќе се одвива интерната берза.

Комерцијалниот директор Павел Шадскиј зборуваше за тоа колку инвестиции се привлечени досега и уште колку треба да се привлечат пред да заврши финансирањето.

Најважно од сѐ, жителите на Еквадор можеа да ги видат електромоторите засновани на „Славјанка“. Андреј Лобов, раководител на производственото претпријатие „Ресурс“, ги покажа моторите, и особено го истакна моторот за чамец. Тој исто така ги објасни можностите за примена на технологијата на возила и говореше за успешниот развој на неговата компанија. На 3 јуни, денот кога се одржа конференцијата во Кито, му беше роденден, и сите присутни едногласно му честитаа. Најубавиот подарок за него беше активниот интерес на посетителите за технологијата и нивната соработка во Еквадор.

Националниот партнер Масимилијано Вивиан Росини во Еквадор и Перу и водечкиот партнер Марта Креспин Калдерон исто така им се обратија на присутните.

Конференцијата траеше 6 часа, и времето брзо помина благодарение на богатата програма и атмосферата во салата.

Погледнете ги фотографиите од настанот за и самите да ја почувствувате атмосферата.

Снимка од преносот на конференцијата е достапна овде.

Беше даден нов поттик за развојот на проектот во Еквадор. Продолжуваме понатаму!

ПОДДРЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ