Зошто крудинвестирање? | Основни принципи на деловното работење
Секоја година, глобалниот пазар за крудинвестирање се зголемува за двапати. Во некои земји, обемот на крудинвестирање веќе се приближува до вкупниот обем на финансирање од ризичен капитал. Според проценките на аналитичката агенција Technavio и предвидувањата на Светската банка, до 2025 год., пазарот на глобалното крудинвестирање во светот ќе достигне вредност од 95 милијарди долари.
Дури и во Русија, каде што околу 3% од населението е финансиски писмено, пазарот на крудинвестирање во технологии сочинува речиси 40% од вкупните инвестиции.
Зошто сè повеќе компании и инвеститори го избираат крудинвестирањето? Популарноста на овој вид финансирање се должи на голем број значајни предности:
• Брзина. Благодарение на крудинвестирањето, може да се привлече капитал за некој проект релативно брзо (што не е случај со другите видови финансирање).
• Ниски трошоци. Со кој и да било друг избор на позајмен капитал (банкарски кредити, комерцијални кредити, издавање обврзници), трошоците се значително поголеми.
• Можност за тестирање на бизнис-модел. Преку крудинвестирањето, проектот може да ја подигне свеста за компанијата, да го прошири кругот на потенцијални клиенти и да добие меѓународен карактер затоа што се привлекуваат инвеститори од различни делови на светот.
• Поволности за учесниците. Во крудинвестирањето, авторот на идејата отворено им се обраќа на потенцијалните инвеститори и им ги обезбедува потребните информации за да можат да донесат одлука. На тој начин, на инвеститорите им се нуди можност — со релативно мала инвестиција — да станат косопственици на претпријатие со потенцијално висока заработка.
Постои уште една голема предност, која истовремено го отежнува спроведувањето на истражувања на пазарот за крудинвестирање. Тоа е безбедноста на податоците на инвеститорите и максималната заштита на нивните инвестиции. Да, платформите за крудинвестирање не ги даваат податоците на инвеститорите за истражувачки цели. Ова е многу добро за инвеститорите! Но, им го отежнува животот на аналитичарите. Затоа, во моментов, најголем дел од истражувањата се посветени на традиционалните облици на привлекување капитал. И покрај ограничениот пристап до профилите што инвеститорите ги имаат отворено на платформите (што е неопходен услов за анализи на ова поле), стручњаците се согласуваат дека крудинвестирањето ги шири границите на економската теорија и овозможува развој во нови правци.
Самите донесете заклучоци, драги пријатели! И искористете ја уникатната ситуација што преовладува на пазарот. Побрзајте да инвестирате или да ги зголемите своите инвестиции додека течат завршните фази од проектот „Моторите на Дујунов“. На тој начин, не само што ќе извлечете корист од огромните поволности кои сè уште им се достапни на инвеститорите туку и ќе придонесете за ширење на „зелените технологии“ низ целиот свет.
Освен тоа, во декември сè уште Ви е достапен попустот од фаза 18, како и можноста да ја освоите главната награда во лотаријата.