Павел Филипов изјави: „Најважните работи не ги кажавме ние од бината, туку самите партнери!“
На 28 мај, во Лима (Перу), беше одржана бесплатна обука за партнерите на SOLARGROUP — од почеток до успех. Настанот се одржа во конференциската сала во хотелот Crowne Plaza Lima, каде што се собраа повеќе од 50 учесници заинтересирани за партнерскиот бизнис кои се регистрираа навреме.
Овој настан траеше три часа со кратка пауза. Во текот на паузата, учесниците се фотографираа со говорниците.
Меѓу говорниците на конференцијата беа:
• Масимилијано Вивиан Росини, национален партнер на SOLARGROUP во Перу,
• Павел Филипов, раководител на одделот за реклами и односи со јавност,
• Павел Шадскиј, комерцијален директор на SOLARGROUP,
• членови на управните одбори од регионот.
Павел Филипов претстави модел-програма посветена на клучните активности на партнерите. Во неа беше одговорено на следниве прашања: каде да се најдат клиенти, како да се работи со нив, како да се изнесе презентација на проектот, како да се користи бек-офисот — и како да се добие сето она што компанијата може да им го даде на партнерите!
Павел Шадскиј изнесе и модел-програма за развој на тимот. Во овој дел беа одговорени прашањата: каде да се најдат партнери, како да се оформи тим и да се работи со него, како да се изнесе презентација за партнерскиот бизнис, како да се раководи со поголема структура — и како да ја достигнете највисоката скала од кариерата!
Меѓу присутните на настанот имаше и искусни партнери на компанијата и почетници, а присуствуваа и некои што се подготвуваат да соработуваат со нас.
Ве потсетуваме дека програмата за обука е сеопфатна и целосно е наменета да им помогне на партнерите ефикасно да заработуваат. Нејзина главна одлика е повеќе пракса, помалку теорија! Секој учесник доби многу корисни препораки, како и готови упатства за тоа како точно треба да постапи партнерот во различни ситуации. И, на крајот на настанот, секој од нив доби свој план за дејствување чекор по чекор.
Говорниците ги направија практичните вежби заедно со учесниците. Сите присутни имаа можност да се искажат, а во текот на заедничките сесии учесниците можеа меѓусебно да си разменат искуства и да разговараат со главните раководители на компанијата.
Обуката ја постигна својата цел! Сите учесници си направија сопствена листа за проверка составена од едноставни активности кои се достапни секому, спремни се самите да остваруваат заработка и да им зборуваат за таа можност на другите.
Павел Филипов изјави: „Најважните работи не ги кажавме ние од бината, туку самите партнери! Водечките партнери од Перу зборуваа за тоа што конкретно функционира во оваа земја, а што не е толку ефикасно. А сите вие гости од Перу активно реагиравте на тоа! Избравте кои работи сте спремни да ги правите. Во ова се состои најголемата вредност на обуката! Веднаш се создаде прекрасна пријателска атмосфера. Ако почнете да ги правите едноставните работи што ги научивте во текот на обуката, сигурни сме дека ќе заработувате повеќе. Успешниот човек се разликува од неуспешниот само во една работа — тој е спремен на акција“.
Во своите впечатоци за настанот, гостите истакнаа дека добиле сè што очекувале, дури и повеќе од тоа. Сеопфатната програма им помогна да си постават цели и приоритети, и да ги отстранат грешките. Сега учесниците се спремни да ги поучат своите партнери користејќи ги информациите од оваа обука.
Освен тоа, секој учесник во обуката има пристап до материјалот од програмата, кој може да го користи за да ја прошири својата партнерска структура.
Ако и вие сте заинтересирани за партнерски бизнис и живеете во Еквадор, побрзајте да се регистрирате за обуката што ќе се одржи на 4 јуни во Кито. Ова е втора обука каде што сите желби и барања кои беа изнесени за време на првата обука ќе бидат земени предвид. Овој настан сигурно ќе биде нешто посебно!
Може да дознаете нешто повеќе и да се регистрирате на следниов линк.