Партнерски бизнис: бидете во тренд! | Основни принципи на деловното работење

Партнерски бизнис: бидете во тренд! | Основни принципи на деловното работење

Дали знаете кои поволности од партнерскиот бизнис најчесто ги истакнуваат нашите партнери? Флексибилното работно време! Речиси секој партнер вели дека порано не бил задоволен од тоа што морал да поминува многу време на работното место.

Кога некој станува учесник во партнерската програма, може да избере кога и колку ќе работи за да го промовира проектот. А ова е светски тренд!

Досега веќе пет земји тестираа седмица со 4 работни дена: Исланд, Нов Зеланд, Белгија, Јапонија и Велика Британија. Според условите на тестирањето, вработените (главно на полето на маркетингот) можеа да изберат кој ден во седмицата сакаат да го имаат како трет слободен ден.

Од најновото тестирање во Велика Британија јасно можеа да се видат позитивните ефекти за бизнисот:

• 56 од 61 компанија сакаа и понатаму да учествуваат во експериментот, а 18 од нив веќе го одобрија овој формат на работење;
•35% пораст во заработката на компаниите во пробниот период (во споредба со заработката остварена во истиот период претходната година);
• 57% намалување на флуктуацијата на персоналот;
• 71% од вработените изјавија дека чувствуваат помала професионална и емоционална исцрпеност;
• 95% од компаниите известија зголемување на продуктивноста во работењето.

Ваквите експерименти потврдуваат дека кога вработените можат да го избираат своето работно време, тоа влијае позитивно врз нивната мотивација. Меѓутоа, некои стручњаци се плашат дека со намалувањето на работното време компаниите ќе почнат да ги намалуваат и платите.

Но, во партнерскиот бизнис нема потреба од такви стравови! Овде можете да изберете колку часа дневно ќе работите и колку задачи ќе завршите, а притоа да продолжите да ги зголемувате своите приходи и да ја развивате својата стручност. За партнерите на SOLARGROUP е обезбедена квалитетна обука и поддршка во бек-офисот, со кои може уште побрзо и полесно да постигнете успех.

Бидете во тренд — бидете заедно со нас! И не заборавајте да им кажете и на други за оваа можност.

ОДЕТЕ НА НОВОСТИ