Од чамец до електричен автомобил: што ќе биде прикажано во изложбениот салон на конференцијата
Меѓународната конференција на SOLARGROUP во 2024 год. ќе биде одржана во Москва на 16 ноември. Во рамките на конференцијата, ќе биде прикажана различна електрична опрема од продизводственото претпријатие „Ресурс“, како и други работи. Најголемиот дел од експонатите се опремени со сериски мотори со комбинирани намотки „Славјанка“ од производителот ASPP Weihai.
Да наведеме само дел од опремата што ќе може да се види на конференцијата.
• Трицикл Bajaj Maxima со соларни панели. Ова е истиот „зелен“ трицикл кој минатата година се натпреваруваше во трката со автомобили на соларен погон која се одржа во Казахстан.
• Чамец на надувување. Слични превозни средства се тестираат во Африка, Латинска Америка, Северна Македонија, Индонезија и низ цела Русија, а се подготвуваат и за тестирање на вода со батерија која ќе се полни на соларна енергија.
• Електрично картинг возило. Опремено е со сертифициран комплет во кој е вградена најновата подобрена верзија на електромотор. Возилото може да се користи за изнајмување.
• Моторна санка (сноумобил). Мало влечно возило со гасеници кое е погодно и за работа и за одмор во текот на целата година во тешко достапни места.
• Електричен автомобил EL Lada. Првиот сериски руски електричен автомобил произведен од „АвтоВАЗ“. Оригиналниот фабрички мотор е заменет со мотор со комбинирани намотки.
• Трицикл Piaggio Ape 50. Европски бренд кој се користи како мобилна кафетерија во туристички места.
• Мопед Jincheng AX 100. Тестиран во Кина и во Русија. Спремен е за сериско производство.
• АТВ возило (квадроцикл). Опремен со менувач и може да се користи како шлеп возило за влечење на тешки товари.
• Дизел генератор Kubota. Моќност: 5,5 kW. Опремен со мотор произведен од „Совелмаш“.
• Универзален комплет. Заснован на моторот DA-95S, со менувач и полуосовини. Се користи за автомобили со преден погон, за патнички и товарни трицикли со погон на полуосовината.
• Мотор од 7 kW. Нов мотор со комбинирани намотки, произведен од ASPP Weihai, тестиран во лабораторијата на „Совелмаш“. Тестиран на автомобили во Русија и во Кина. Спремен за сериско производство.
Освен тоа, планираме уште едно иновациско изненадување од компанијата „Совелмаш“.
Присуствувајте лично на конференцијата за да ја видите и да ја допрете оваа технологија. Влезот е слободен.
Регистрацијата сѐ уште е отворена, но местата се пополнуваат многу брзо, затоа побрзајте да си фатите место!