„Не можев да поверувам дека сум победник бидејќи имав само три купони“ — вака еден инвеститор од Бугарија ги изрази своите емоции во врска со победата на лотаријата

„Не можев да поверувам дека сум победник бидејќи имав само три купони“ — вака еден инвеститор од Бугарија ги изрази своите емоции во врска со победата на лотаријата

Продолжува нашата приказна за среќните добитници на лотаријата на SOLARGROUP која се одржа пролетта 2023 год.

Главната награда на априлската лотарија во Бугарија — посета на „Совелмаш“ и 200.000 инвестициски удели — ја освои нашиот инвеститор и партнер Данаил Серев.

Семејството на Данаил сесрдно го поддржува неговото учество во проектот. Тој дознал за лотаријата од својот брат, кој присуствувал на средба и презентација на проектот во градот Стара Загора. Од брат му дознал и дека победил на лотаријата. Данаил најпрво ја споделил радоста со мајка му, која сè уште не може да поверува дека нејзиниот син имал таква среќа.

„Немав цел да победам. Лотаријата ми беше само дополнителна мотивација да инвестирам. Во почетокот не можев да поверувам дека сум победник бидејќи имав само три купони во извлекувањето на наградите. Понекогаш ми се случува да најдам пари на улица, но никогаш не сум освоил таква голема награда. А сега победив и почнав да верувам дека проектот ми носи добра енергија!“

Данаил Серев почнал „без ронка сомнеж“ да инвестира во проектот во 2019 год., откако чул за него од еден свој пријател, кој исто така е наш инвеститор. Тој вели дека идејата веднаш му се допаднала: „Сметам дека проектот е иновативен, креативен и уникатен. Им го препорачувам на луѓе кои се интересираат за механика, автомобили, мотоцикли, велосипеди, како и на луѓе кои имаат позитивен став кон иднината.

Ве потсетуваме дека во април се одржа лотарија за инвеститорите од повеќе земји, која ни овозможи да го забрзаме финансирањето на проектот. Уште еднаш му честитаме на победникот, и им благодариме и нему и на сите учесници во лотаријата за нивната активна поддршка на проектот, која сега е неопходна за успешно да се заврши изградбата на Бирото „Совелмаш“!

ПОДДРЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ