„Можеме самите да направиме нешто, способни сме да го постигнеме тоа!“ | Како му беше доделена наградата на победникот во лотаријата

„Можеме самите да направиме нешто, способни сме да го постигнеме тоа!“ | Како му беше доделена наградата на победникот во лотаријата

Драги пријатели, сигурно сите се сеќавате на Јуриј Тизенберг, победникот на лотаријата SOLARGROUP 2023, која беше одржана во април.

Јуриј е среќниот добитник на електричниот мотоцикл Bajaj Pulsar со мотор заснован на „Славјанка“, кој е единствен таков мотоцикл во светот, како и на 200.000 инвестициски удели. Не е случајна изреката „почетничка среќа“. Јуриј само што се вклучил во проекот „Моторите на Дујунов“, на поттик од својата жена, Ана. И веднаш станал добитник! Јуриј и Ана решиле да учествуваат во лотарија на SOLARGROUP во април, иако биле уверени дека никој не победува на лотарии.

Но, тоа не е случај со нашата лотарија! Во нашата лотарија во април имаше многу добитници.

„Им посакувам многу среќа на сите руски развојни инженери, на стартап-компаниите и на сите грижливи луѓе“, вели Ана. На сите оние што сакаат да го подобрат животот со својот труд. Можеме самите да направиме нешто, способни сме да го постигнеме тоа!“

Сега Јуриј и Ана Тизенберг се инвеститори и партнери во проектот. Јуриј им препорачува на сите да инвестираат сега: „Можете без двоумење да инвестирате, ова е многу добар проект. Гледате, не е никаква измама“.

Павел Филипов им ја додели главната награда на победниците, и тие имаа прилика да се повозат на мотоциклот. Александар Сударев ги поведе Јуриј и Ана во специјална обиколка на градилиштето на „Совелмаш“.

Нашиот победник планира да го вози уникатниот електричен мотоцикл на јавни патишта. Значи, наскоро на улиците на Санкт Петерсбург ќе може да го видите нашиот мотоцикл Bajaj Pulsar опремен со мотор на „Славјанка“!

Погледнете ја нашата видеорепортажа за доделувањето на наградата и обиколката на градилиштето.

ДРУГИ НОВОСТИ