Меѓународна конференција во Москва: 5 причини за да присуствувате на настанот
Решивте да учествувате на конференцијата на SOLARGROUP на 16 септември или сè уште се двоумите? Ви ги претставуваме 5-те клучни работи поврзани со овој настан кои ќе Ви помогнат да донесете одлука.
1. Новости од главните раководители на проектот
На присутните ќе им се обратат раководителите на компанијата SOLARGROUP, Сергеј Семјонов, Павел Филипов и Павел Шадскиј, како и заменик-генералниот директор за односи со јавност, Александар Сударев. Од нив ќе ги дознаете најновите информации за напредокот на финансирањето и за реализацијата на проектот, како и идните планови на компанијата.
Виктор Арестов, директор на компанијата ASPP Weihai, и Андреј Лобов, раководител на производственото претпријатие „Ресурс“, ќе изнесат новости за развојот на технологијата „Славјанка“ во светот.
Во Москва ќе одржат презентации и претставници на странски компании кои се заинтересирани за примена на технологијата „Славјанка“ во своето производство.
2. Опрема со мотори засновани на „Славјанка“
Производителите ќе прикажат чамци, трицикли, мотоцикли и друга опрема со мотори засновани на технологијата со комбинирани намотки. Ќе можете со свои очи да ги видите и да ги фотографирате.
3. Патенти, извештаи од тестирањата и други документи
На конференцијата ќе бидат претставени документите на компаниите „Совелмаш“ и SOLARGROUP. Во нив спаѓаат патенти, извештаи од тестирањата и правни документи, како и објаснувања на разни јазици за да можете полесно да ги прочитате.
4. Изложба на производи дизајнирани од „Совелмаш“
Ќе ја видите главната гордост на компанијата „Совелмаш“, нејзините иновации: електромотори со комбинирани намотки и разни производи во кои се вградени.
5. Ќе може да остварите контакти со инвеститори од целиот свет
Каде на друго место може лично да комуницирате со инвеститори и партнери во проектот од повеќе од 18 земји? На Меѓународната конференција ќе присуствуваат гости од целиот свет: национални и водечки партнери, активни инвеститори и деловни претставници. Тоа се најпосветените учесници во нашиот проект. А има ли нешто поскапоцено од тоа да се комуницира со луѓе кои ги делат Вашите вредности!
Значи, сето она што е најинтересно за инвеститорите во проектот „Моторите на Дујунов“ ќе го најдете на едно место во исто време. Придружете ни се! Влезот е бесплатен, и важно е да се регистрирате уште сега додека сè уште има слободни места.